Тони Зен јавно побара помош

0

Сите ние го знаеме како Тони Зен, а неговото вистинско име и презиме е Тони Петковски. Тој е еден од најпознатите македонски рапери и продуценти.

Своевремено важеше за еден од најбараните музички изведувачи во нашата држава, но се реши да направи пауза и да се повлече од сцената.

Тони Зен сега е фамилијарен човек откако се ожени и доби син. Неговата избраничка, односно сопруга се вика Валентина, а синчето Јасен.

– Детето е двигател, отсекогаш било така и ќе биде, секое новородено битие е извор на среќа, чистина, бескрајна љубов, затоа родителите треба со љубов да му служат на детето.

Колку и да ми е тешко и напорно, сепак, една насмевка, поглед или звук од син ми, ми е потребен за да поминам низ непожелното искуство, еден ЗЕН учител рекол:

“Among the sixteen kinds of meditation, tha baby practice is the best”, изјави Тони во интервју за vecerpress.mk.

Тони стана популарен во цела поранешна Југославија, откако учествуваше во шоуто „Преживеан“ на Филиините, и го освои второто место.

– Не знам дали би учествувал повторно во SURVIVOR доколку има, а останатите реални шоуа не доаѓаат предвид, иако бев поканет на неколку, сепак освен SURVIVOR останатите шоуа не ме предизвикувале, а и не се од мојата област воопшто.

Немам намера да ги критикувам освен тоа што можам да си дозволам да кажам дека таквите претстави не ми биле цел ниту вредност“, изјави тој во истото интервју.

Во 2019 година, Тони Зен го издаде својот шести по ред соло албум со наслов „Од изворот на изборот“, и тоа беше негово враќање на музичката сцена по пауза од неколку години.

– По струка сум аниматор по физичка култура, па и оттаму поривот да продолжам да се занимавам со скијање и да станам член на МАИСС (Македонска асоцијација на инструктори на снежни спортови) која е сродна со факултетот за физичка култура, а и со средното образование за физичка култура, со амбиции да бидам ски инструктор низ скијалиштата во Македонија пред сè, но и пошироко“, изјави Тони за своите желби кои му се исполнија.

Тони изминативе месеци интензивно работеше како ски инструктор, а во една прилика на неговиот Фејсбук профил напиша:

Од 5ти до 9ти февруари ќе бидам на Пониква и ќе работам како ски инструктор тие денови, доколку одите натаму тој период и сакате да научите да скијате, но и да се надградите доколку веќе знаете, или вашето дете сака да научи да скија, слободно резервирајте часови по скијање на [email protected]“.

Тони со новата објава на Фејсбук и на Инстаграм ги замисли неговите фанови. Тој побара помош, затоа што како што рече, музчарите се наоѓаат во тешка состојба.

ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ! Бидејќи сите знаеме во каква ситуација се наоѓаме, мислам дека не е потребно објаснување ниту жалење од моја страна, единствено сакам да објавам дека од овој момент моите албуми можете да ги нарачате и купите онлајн.

Доставата ќе биде бесплатна низ цела Македонија, нарачајте преку порака директно овде на инстаграм или на мојата фб страна Toni Zen Official, секоја поддршка е за респект, па дури и споделувањето на овој пост.

– Ова се цените за албумите: Од изворот на изборот 350 денари МикроСкопски организам 250 денари

Од изворот на изборот + Микроскопски организам 500 денари. Целата дискографија од пет албуми (Без албумот со Урбана Димензија) 1000 денари + гратис DVD од концертот со српскиот neo soul бенд “Maraqya” одржан во универзална сала во Скопје на 29.12.2011“, објави познатиот музичар.

Фото: Инстаграм принстскрин, Фејсбук принскрин, Јутјуб принстскрин

Претходна статијаГолемиот човек, слави голем јубилеј – на 1 март започна приказната на која многумина и кажаа БЛАГОДАРАМ
Следна статијаЕмина Јаховиќ искрено кажа што ја мачи, а колешката многу ја навреди: Како ќе заспиев ако не го слушнев тоа мјау-гласче