Тоа беше посебна врска што долго траеше: Маја Оџаклиевска жали за загубата на драга личност

0

Познатиот сроски музичар Сања Илиќ, фронтменот на групата „Балканика“, си замина од овој свет денес на 70-годишна возраст, откако ја загуби битката со вирусот.

Еден од најдобрите вокали на поранешна Југославија, нашата Маја Оџаклијевска, беше долгогодишна соработничка и пријателка на Сања Илиќ.

Маја долги години живееше во Белград, а сега со својот внук Лука се пресели на село, за да се изолира од опасноста од вирусот.

Маја ја дозна тажната вест кога новинарите ја повикаа за коментар и на почетокот не можеше да поверува дека Сања го нема.

– Не, не слушнав, жал ми е. За што зборувате? Јас сум на село. Па, дали е можно – рече потресена и шокирана Маја.

– Дали сте сигурни во тоа, дали се тоа официјални информации – праша Оџаклијевска и кога дозна што се случи, успеа да каже неколку зборови за нејзиниот пријател.

– Многу соработувавме и бевме многу добри пријатели. Жал ми е, многу ми е жал, но нешто не е во ред.

Сега, сè ми поминува низ главата. Тој беше многу ревносен и вреден човек, се плашам дека можеби не бил вакциниран со вакцината Фајзер.

Што да ви кажам, имав долгогодишна соработка со Сања. Тоа беше посебна врска што долго траеше, иако јас продолжив да работам со Раде Радивојевиќ.

Не сум билa во директен контакт откако се грижам за Лука, но се видовме пред две години на фестивалот во Охрид, по што дојде до мало недоразбирање меѓу нас.

Потоа повторно се слушнавме, а последниот пат кога разговаравме, тој рече: „Ти должам големо извинување и барам прошка за тоа што го направив, но исто така би сакал да ти објаснам“.

Јас на ова му одговорив: „Не сме деца, ајде, ќе ги надминеме ваквите мали расправии, тоа е навистина ирелевантно“ – се присети Маја на последниот разговор со Сања.

Фото: Јутјуб принтскрин

Претходна статијаОливера: Вчера одејќи накај работа се разминав со една жена која после мојот потег ме опсипа со благослови
Следна статијаСол на рана ставате, малку повеќе осет: Познатата писателка одржа лекција во статус