Тијана си ја избричила главата, за тоа постои силна причина (ФОТО)

0

Тијана Дапчевиќ, скопјанката која долги години живее во Белград е сестран уметник. Таа е пејачка, виолончелист и актерка.

Има глумено во неколку српски претстави, а нашата публика во нејзиниот актерски талент се увери откако ја виде во улога на Германката Ула во „Преспав“.

Тијана веќе 20 години е во складен брак со сопругот Милан Дапчевиќ, и се родители на синот Вук кој има 12 години и е музички талентиран на мајка му.

Таа во последно време често објавува колку ужива во готвењето.

Тијана се пофали со своите вештини во кујната во шоуто „Гранд магазин“, но го коментираше и Јутјуб каналот на нејзината колешка Марија Шерифовиќ.

– Ништо не ми се допаѓаше за време на оваа пандемија, но се посветив на правење различни јадења, тоа го правев како занимација – рече пејачката.

Тијана потоа се осврна на новата „професија“ на нејзината колешка Марија Шерифовиќ, која започна да снима популарни влогови на Јутјуб, во која покажува како ги поминува своите денови.

– Мара нека си се држи до микрофонот“ , рече Тијана низ смеа и додаде: „Марија е уметник, музичар, пејачка и никогаш нема да биде влогер, тоа е само момент на креативност“, искоиментира Тијана За Шерифовиќ.

Таа ретко споделува слики од сопругот Милан, а неодамна откри и зошто е тоа така. Мил мој Дапче воопшто не сака да се слика, и секогаш едвај го уловувам за фотка. Сега успеав.

„Мојата карпа, и ветар во грб веќе 20 годинки. Баџица е надвор од контрола, затоа е матен, напиша Тијана.

Тијана е исто така позната како личност која често менува имиџ, а малкумина знаеја дека пејачката своевремено сосема си ја има избричено главата.

Тијана објави фотографија од вреmето кога изгледала вака, но објасни и дека имала добра причина, и тоа го направила за да испрати силна порака:

На денешен ден, во 1999 година, започна бомб ард -ирањето, а јас, од револт, од тага и неможност да му помогнам на моето семејство во Србија, ја исеков косата до главата.

… Само гледате на телевизија како некој фрла бо -мби кон сите ваши…, и ништо не можете да направите“, рече Тијана.

Денеска се навршуваат точно 22 години од таа случка.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаЈоци: Ех бе СДСМ, Ивона која е школа на Латас ве изработи ко нива, ве напраи руска салата
Следна статијаСамата себеси се победив, и нема да престанам: Весна Бејби го раскажа целиот свој живот