Сузе Национале стана баба, убавата ќерка Теона и внуката Клара се нејзините наследнички

0

Сузана Спасовска е пејачка која со голем мерак и врвно ги пее македонските народни песни кај нас и во дијаспората и публиката во тоа со цело срце ужива.

Во деведесеттите години на минатиот век сите зборуваа за ексцентричноста во облекувањето по која беше препознатлива.

Нејзиниот одговор за стилот тогаш, но и сега е дека едноставно била чекор пред останатите.

– Можеби е нескромно, но морам да кажам дека сѐ што се случуваше ново на сцената, интересно, поинакво и чудно го донесов јас.

Бев прва во сите стилски лудории. Во тој период немаше стилисти како сега што ги има на секој чекор.

Периките и уметоците во сите можни бои ги носев јас, а повеќето ги набавив директно од театарот во Сиднеј.

Ми текнува на првите леќи за очи во лила боја, трајна шминка, чевли со висока платформа и огромни потпетици, високите чизми над колена, мини здолништа, шорцеви и корсети – раскажа познатата пејачка во едно интервју.

Сузана Спасовска во октомври во 2019 година ја омажи ќерка си Теона, која е вистинска убавица.

Во скопски ресторан, нејзината ќерка Теона направи веселба за свадбата со партнерот Виктор Велковски, кој ја запроси во јануари годинава.

Фолк-пејачката вели дека ова е нејзин животен проект, а според објавените фотографии на социјалните мрежи, била главна на свадбената веселба.

Во светкав долг фустан, Спасовска играше и пееше на свадбата на ќерка си Теона.

Во јануати минатата година, нашата познатата фолк пејачка стана баба, таа го доби своето прво внуче од ќерка си Теона.

Среќната баба на својот фејсбук профил ја објави нејзината песна „Среќо мајкина“ и со песна ја сподели радосната вест и напиша: „Дар Божји за родителите и радост голема!

На 30ти Септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, благословена, среќна, насмеана и распеана. Ти благодарам Боже!“.

Убаво име одбрале родителите за својата наследничка, инаку Клара значи јасна, бистра, позната, напиша тогаш порталот ММС.мк, за кој Сузана тогаш изјави:

„Не сум спиела цела ноќ. Додека да се роди Клара плач-ев од ст-рес, а откако се роди пр-еплакав од среќа.

Пресреќна сум. Му благодарам на Бога се помина во најдобар ред. И Теона и Клара се добри.

Ја видов внука ми на слика. Ја гледам пак, ја гледам и уште не можам да се соземам. Премногу сум возбудена.

Голема работа е да бидеш баба. А можам да замислам како се чувствува мајка ми како прабаба“, изјави пејачката.

За Панацеа.мк, таа изјави како со години ја одржува формата и младоликоста но и која е најголемата заблуда на луѓето за неа.

-После турнеја во Австралија накачувам по три килограми, кои ги снемува по недела две.

За голема грешка го сметам моето прескокнување на појадокот, кафето ми омилен пијалок воедно и појадок.

Јадам еднаш во денот со многу малку леб, а пред настап, снимање аудио и видео 24 часа сум само на вода и на кафе.

А, за мене важи тоа дека и водата ме дебелее, и затоа сум, ќе речам, цел живот гладна.

Многу ми е жал што некои луѓе што не ме виделе во живо имаат замисла дека сум крупна жена, па дури и дебела. Не знаат дека камерата додава 6 кг плус“, изјави пејачката.

Според сликите кои ги објавува нејзијата ќерка Теона, се гледа дека таа е многу убава млада жена и ужива во секој миг поминат со својот сопруг и со ќерката Клара која е многу слатко бебе.

Сузе Национале е навистина среќна мајка и баба и ги сите благодети и радости со своите најмили.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаГавазова објави слика со сопругот и раскажа зошто ѝ е важен
Следна статијаПлениш бре: Трифун Костовски ѝ се обрати емотивно на Калиопи а таа му возврати со љубов