Снеже Велков е позната водителка, но и пилатес инструкторка, а во последно време нејзините мисли и пораки на Инстаграм се инспирација за многумина.
Снеже на социјалните мрежи исто така ги покажува вежбите со кои ја одржува совршенета линија.
Во емисијата „Опуштено со Тони“ кај Тони Михајовски, таа зборуваше за тоа како последнава година редовно, секое утро вози велосипед, а клупите во паркот ги користи како реквизит за вежбање.
-Во 2020 година откако ни се случи тоа што ни името не сакам да го спомнам, ако го спомнам мислам дека се повеќе ќе расте, морав да најдам некаков начин за да можам да се издувам.
Беа затворени теретаните, беа затворени салите каде што држев часови, се беше затворено.
Најдов начин на кој јас прво сопственото чувство ќе си го задоволам, а од друга страна ќе ги иснпирирам сите останати“, раскажа Снеже.
-Можеш да вежбаш кај посакаш. Можам да вежбам на клупа, можам на вежбам на сред Плоштад, можам да вежбам на фонтана.
Мене многу ми се свиѓа платото пред Опера и балет, има и клупи има и платформа“, рече Снеже, а Тони додаде дека тој плоштад е на повеќе нивоа и може паркур да се прави.
-Дури и го правам тоа намерно. Сите ми велат: Дали си ти луда. Да? На почетокот беше дали си ти луда? Дали си ти нормална?
Потоа им стана нормално и добивав и поддршка и лајкови“, рече Снеже чиј хаштаг е „Блескај“.
Таа најави дека со емисијата „Вип на еден ден“, прави пауза од ТВ поради новонастанатата состојба, затоа што луѓето на коишто им помагаше се со нежно здравје.
Потоа Снеже зборуваше за своето семејство, дека не сака јавно да го експонира и сака интимата да си ја зачува за себе.
Дента кога емисијата се снимала, нејзиот сопруг Дарко славел роденден.
-Никогаш не сум му се обратила јавно, и никогаш не сум му заблагодарила јавно. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на мојот сопруг, којшто 15 години е со мене, и ги трпи сите мои падови, сите мои еуфорични испади.
Сакам да му се заблагодарам затоа што заеднички растевме, сакам да му се заблагодарам затоа што имавме многу конструктивни расправии при коишто станавме и поголеми, и поразбрани, и многу покреативни.
А, најмногу од се сакам да му се заблагодарам затоа што ги имаме двајцата прекрасни синови, Ален и Дарин, и се надевам дека ќе си продолжиме уште три пати по 15 години, ако се малце и понатаму, среќен ти роденден“, рече Снеже.
Таа сега ја коментира бројката на упокоени од вирусот на својот Фејсбук профил со срцепарателен статус.
Та не се тоа само бројки и градови. Та не се тоа топоними и римски цифри испишани
Тоа се коски к -рв и месо.
И работен век за раскажување и темели на куќа поставени и деца израснати свадби направени и внуци изгледани. Та не се тоа двоцифрени броеви во табели пополнети.
Тоа се насмевки и радост тоа се прегратки и зборови. Ќе ми дојдеш ли пак внучко? Тоа се пристигнати пензии и 100 денари во џеб пикнати.
И миризлива пита и колачи:Јади ќере пак си ми заслабната. Та не се тоа”Колкумина се денес?” – прашање. Тоа се ветувања не исполнети и намери не оствари: Брат да ми помине ова се гледаме… Тоа се пораки испратени и поддршка дадена: Ќе помине.Чувај се…
Та не се тоа цифри неми и беззвучни напишани. Тоа се имиња и презимиња, и фамилии цели.
И соништа недосонувани, И прегратки недопрегрнати, И планови недореализирани, И песни недопеани, И муабети недовршени, И радости недорадувани.
Животи недоживеани Болки непреболени. Пополека со статистиките. Подзапрете со броевите..
Фото: Јутјуб принскрин, Инстаграм принтскрин