Шилегов им испрати подарок на Радмила Шеќеринска, Јани и Коста Петров

0

Неодамна, Тони Зен на својот официјален Инстаграм и Фејсбук профил побара помош, затоа што како што рече, музичарите се наоѓаат во тешка состојба. Тој ги објави цените на своите албуми кои се продаваат онлајн.

– ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ! Бидејќи сите знаеме во каква ситуација се наоѓаме, мислам дека не е потребно објаснување ниту жалење од моја страна, единствено сакам да објавам дека од овој момент моите албуми можете да ги нарачате и купите онлајн.

Доставата ќе биде бесплатна низ цела Македонија, нарачајте преку порака директно овде на инстаграм или на мојата фб страна Toni Zen Official, секоја поддршка е за респект, па дури и споделувањето на овој пост.

– Ова се цените за албумите: Од изворот на изборот 350 денари МикроСкопски организам 250 денари.

Од изворот на изборот + Микроскопски организам 500 денари. Целата дискографија од пет албуми (Без албумот со Урбана Димензија) 1000 денари + гратис DVD од концертот со српскиот neo soul бенд “Maraqya” одржан во универзална сала во Скопје на 29.12.2011“, објави познатиот музичар.

Денес, тој се огласи со нова објава поврзана со поддршката која му ја дал скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

– Почитувани пријатели, неодамна решив да превземам одговорност за моите музички албуми и концертни изданија и самиот да ги продавам онлајн, воедно и дистрибуирам лично до сите вас.

Целта ми беше да се подигне свеста кај публиката, но и кај самите автори, дека е потребна меѓусебна соработка и поддршка во овие тешки и кризни моменти, но, исто така е потребно да се има почит и разбирање, и не само сега, туку секогаш.

Бидејќи со купување музички албум, цеде, плоча, касета, со купување книга, фотографија, уметничка слика, со купување карта за било каков настан итн., вие ги поддржувате македонските автори од било која област и на тој начин ние опстојуваме, да нема публика, нема да постоиме.

Искрено не очекував дека ќе има толку голем одзив и заинтересираност, меѓу првите кои нарачаа да си купат албум или цела дискографија беше и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Респект и благодарност за човекот затоа што ја препозна и прошири мојата иницијатива, до некаде целта ми е остварена, но треба уште многу да се работи, односно да соработуваме и поддржуваме меѓусебно, за полесно да поминеме низ ситуацијава во која сите се наоѓаме.

Оваа иницијатива и овој пост немаат никаква политичка позадина, поштедете ме од судови, етикетирања, шпекулации, идеи и приказни.

Ве поздравувам сите и ви се заблагодарувам затоа што нè поддржувате и ни давате надеж и мотив да продолжиме да го работиме она што најдобро умееме и го сакаме“, објави Тони Зен.

Некои коментари оваа објава ја окаректеризираа како политичка, но повеќето ја поддржаа. Тони Зен го сподели и постот на Петре Шилегов.

– Од мојот пријател Тони Зен на подарок добив два негови албуми па тоа ме натера да се потсетам на времето кога активно собирав плочи и се гордеев на мојата колекција.

Во деновите кога задолжително седиме дома, а локалните музичари имаат многу помалку ангажмани, е идеална прилика да поддржиме домашна музика и да им помогнеме на овие наши сограѓани.

Затоа, денеска набавив три изданија на македонски музичари и им ги испратив на Коста Петров, Радмила Шекеринска и Јани Макрадули,

за да ги повикам да учествуваат во #ЛокаленМузичкиПредизвик и да го прошират кругот, подарувајќи им музички изданија на своите колеги и пријатели,

а со тоа да им помогнат на локалните музичари во продажбата на своите албуми“, објави Шилегов.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстарам принтскрин

Претходна статијаСите и завидуваа на прекрасниот изглед, а Дара Бубамара откри на што е
Следна статијаВасил е машка верзија на Тамара Тодевска: Гарванлиев ја објави песната за Евровизија, коментарите не стивнуваат