Неодамна, во „Слободен печат“ ја прашаа: Што значи да се биде самохрана мајка во современа Македонија?
-Значи опстанок, не значи живот! Исклучително напорна работа. Проект кој само го надоградуваш и немаш простор многу да маневрираш.
Секое утро освен што се будам и се заблагодарувам на утрото, втората мисла ми се сметките, како да ги оправиш да одат по правиот пат во едно извртено опкружување.
Ова е ера на полусветови и полуписмени суштества. Мора да сум будна постојано. Тешко и напорно“, одговори Бејби.
– Јас постојано велам дека сум мажена за своите деца. Не дека очекувам орден, напротив јас учам да бидам родител секој ден.
Учам од своите деца, учат тие од мене. Слушам многу музика, постојано читам, вистински љубител на филмови и серии, зависник на Нетфликс.
Ако ме прашуваш за приватниот живот, секогаш велам дека од утре ќе се бавам со него. Бргу ми здосадуваат работите“, изјави Весна во интервју за Точка.
Весна и во Женски магазин зборуваше за своите деца и за работата со децата која ја исполнува:
-Цел живот сум немирно дете. Не застанувам. Вртам, работам, доследна сум посветена и максимално професионална.
Последниве неколку години во мојата актерска школа работам со деца од 5-17 годишна возраст.
Сонувам заедно со нив. Кога работам со нив, сфаќам дека никогаш не престанав да бидам дете.
Оној момент кога ќе престанете да бидете дете, умир -ате.“ Весна сподели пост на Инста во кој накратко си го раскажува целиот свој живот.
Што е успех? Веројатно кога самиот себеси ќе се победиш. Колку време треба за тоа? Сигурно цел еден живот. На театарските сцени сум од 14 годишна возраст.
Пред некој ден наполнив 51, а во мојот МНТ сум 27 години. Бројките се само низа на успехот.
Жена во овој свет е да да бидеш свој, да знаеш да се радуваш, да плачеш да бидеш бесна поради неправди, да бидеш на браникот од сур овиот живот и беспоштедната борба.
Напишав книга за трофеизам #трофеј. Учам деца актерска игра веќе 15 години и убедена сум дека тоа е единствениот пат да оставиш нешто за тие што доаѓаат после тебе.
Продуцирав и автор бев на најгледаното тв шоу, Министерка е рекордер по продадени билети, единствена жена сум која се бави со стенд ап.
Веројатно ќе престанам да творам кога ќе ме нема. Но и таму нема да пресатанам“, рече Весна и ѝ се заблагодари на својата пријателка Ива Милошевска за предизвикот. Таа предизвика неколку свои пријателки меѓу кои Каролина Гочева и Илина Арсова да споделат пост за своите успеси.
Фото: Инстаграм принтскрин