Пејачјата Ребека Јанковска- Ристески која е и претседател на здруженито Дајте ни крилја за лицата со ретки болести, на Фејсбук отворено ги коментира случувањата во нашето општетсво кои ѝ пречат.
Ребека е мајка на три деца, Маркијан кој има 14 години и близнаците Доротеј и Макариј, кои имаат седум ипол години и онлајн го изучуваат второ одделение.
За своите близнаци, и за тоа колку игрите на младите им пречат на децата, таа зборуваше неодамна на Фејсбук.
– Трајте и не кажувајте колку е тешко да се излезе на крај со децата. Со децата треба да се излезе на почетокот, а не на крајот.
Ако децата на 7 години играат Мајнкрафт или Фортнајт, играат на Плејстејшн што ќе играат на 10,11,12…?
Самата содржина на игрите не е препорачлива за нивна возраст. Што е тоа што сакате да го развиете и потенцирате кај децата со овие игри?
Не можам да разберам како се согласувате деца од 6,7 години и помали да ги играат овие игри?
На секој школски одмор се разговара за овие игри. Има еден куп теми и игри кои треба да ги интригираат во оваа возраст.
Во тие разговори не можат и не знаат како да се вклучат моите деца. На нив им е сето тоа чудно. А и на мене да бидам искрена“,напиша Ребека.
Сега ,таа ги коментираше часовите по музичко. Ребека го спомена светски познатиот кавалџија Теодосиј Спасов од Бугарија, кој е чест гостин во Македонија.
Теодосиј има свирено со доста познати наши муизчари: Влатко Стефановски, браќата Тавитјатн и многу други.
Во неповолната политичка ситуација помеѓу Македонија и Бугарија, на Ребека ѝ пречи што наставникот/наставничката на нејзините деца, претставувајќи го кавалот како народен инструмент, пуштале музика од бугарски музичар на часот.
– Час по музичко за деца од 2ро одделение…Претставување на нов инструмент, кавал. Се израдував! Прекрасен инструмент,милозвучен, македонски народен…
Под фотографијата пишува бугарски кавал, потоа слушавме музика во изведба на Теодосиј Спасов (бугарски изведувач), кој неспорно е голем виртуоз и познат во светски џез музичар и си реков ќе слушнеме некој македонски кавалџија во часот посветен на кавалот.
И погодете што се случи?! Следната изведба беше повторно на Теодосиј Спасов со Влатко Стефановски.
Повторно децата не слушнаа од нашите кавалџии ниту еден.
Дадов сугестии меѓу кои и мојот пријател Стефче, но ништо повторно не слушнавме.
Ве молам да ми кажете дали и други имаа ваков час по музичко и дали може да ми ја прати некој програмата по музичко за 2ро одделение.
Ја барав на гугл скратената програма за онлине настава, но не можам да ја отворам. Всушност сакам да прашам дали примерите беа по програма или по случаен избор на наставникот/наставничката“, напиша Ребека.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин