Пејачката Ребека Јанковска Ристески е долги години во брак со д-р Милан Ристески, кој е нејзината најголема поддршка.
Од нејзиниот прв хит „Обиди се“, до последниот албум „Мириса на сон“, Ребека вели дека многу се променила и поинаку гледа на животните вредности.
Најзаслужен за тоа е нејзиниот најстар син Маркијан (14), кој неа и нејзиниот сопруг, доктор Милан Ристески, ги научил дека љубовта кон своето дете може и планини да помести.
Сега нивното семејство е петчлено, тие уживаат во времето поминато со близнаците Макариј и Доротеј, кои имаат седум ипол години.
Маркијан бол-едува од ретка болест, туберна склероза, а Ребека и Милан со години се борат да му олеснат на својот син во оваа борба која е заедничка.
– Маркијан е среќен“ е неговата најчесто изговорена реченица. Тој е дете кое не знае да мрази, не знае дека парите го движат светот, со еден бакнеж или прегратка, тој е среќен. Неговата среќа е семејството и љубовта што му ја даваме.
Од него научив дека Бог навистина постои. Научив дека со љубовта која ја чувствува мајката кон своето чедо може и планини да помести и дека за Господ не постојат невозможни мисии.
Кога ни беше најтешко, освен семејството и нашиот кум, само тројца пријатели ни помогнаа. Сите останати се правеа како ништо да не знаат.
Макариј и Доротеј ги сака многу и често доаѓа заедно со мене да ги земеме од градинка. Со нив си игра брканица и криенка, ги гушка и ги бакнува.
Тие дури сега почнаа да ги поставуваат прашањата зошто Маркијан пие лекови и зошто некои работи не може сам да ги направи, а ние внимаваме како да им објасниме, за да со оглед на нивната возраст, можат да разберат без да им предизвикаме солзи, изјави пејачката во една прилика.
Ребека неодамна зборуваше за пописот и протоколите според кои најави дека ќе рабпти пописната комисија:
Ве молам да ми кажете кои се тие КВАЛИТЕТНИ ПРОТОКОЛИ!? Имам право да ги знам протоколите.
Секој ден гледам вести, а никаде не слушнав кои се тие квалитетни протоколи и не слушнав кои се протоколите за лицата со попреченост, хронично болни и ретки болести.
Јас без скафандер попишувачи се плашам да пуштам дома. Кога ќе ми обезбедат асистент за Маркијан ,тогаш ќе може некој да го изнесе додека се тука попишувачите. Ако државата бара да ја почитуваме, таа треба нас да не почитува.
Според закон на заштита на децата,јас имам право , a и моја должност како родител е да го заштитам своето дете“, напиша пејачката.
Денеска му е роденден на Милан, и по тој повод близнаците му испејаа убава роденденска песна на својот татко, а Ребека на Фејсбук напиша:
Ние си имаме еден тато, Тој ни вреди како злато, ти си нашиот херој прав, Кој од ништо нема страв, СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЉУБОВ НАША ТЕ САКАМЕ“, напиша Ребека.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин