Во, моментов на Канал 5 ТВ се емитува 24 пандемско издание на „Златна Бубамара на популарноста“, која оваа година го има своето специјално издание различно од другите.
Прво, се прикажаа снимки од старите изданија на „Златна Бубамара“ која се одржуваше во неколку сали досега, а последно во А1 Арената.
Се прикажаа гостувањата на Северина, Кемал Монтено, Даниејл Кајмакоски…
Игор Џамбазов се јави директно од Дојран, од кејот на Дојранското езеро и рече дека пролет во Дојран дошла порано од другите градови.
Потоа, се појави Ранко Петровиќ, сопственикот на радио Бубамара од неговото стандардно место, од говорницата во салата Борис Трајковски.
Тој во едно постаро интервју за МИА за Бубамара има изјавено:
– Златна бубамара секогаш ја раскажува на музичко-сатиричен начин изминатата година, преку скеч или преку песна, во што учествуваат најголемите музички ѕвезди од Македонија, од Балканот, и публиката која е желна за многу подобар живот.
– Златна бубамара опстојува зашто има добра енергија, позитивна мисла и јасни ставови кои, можеби во првите две години, луѓето не ги препознаваа или се трудеа да наметнат свои. За среќа, успеа нашиот тим да им објасниме на сите која е нашата цел и мисија.
Музиката и смеата ги спојуваат луѓето. Нашата намера да се награди и пофали некој беше чиста и јасна и ја работевме многу чесно, без поддршка или шлепање од која било страна. Решивме тоа да биде најдобро шоу во Македонија и во моментов на Балканот“.
Ранко во своето ново пандемско обраќање рече:
– Ви благодарам што дојдовте. Ајде сега да се дружиме без маска, без дистанца. Да пееме. Фала што ја чувавте наша тајна, што дојдовте до билети. Па и да направиме некој кластер, ич да не ви е гајле.
И да го пробиеме полицискиот час“, рече Ранко Петровиќ низ насмевка, како дел од шеговитото сценарио.
Вие што сте пред малите екрани не ви треба ни маска, ни брис, и се надеваме дека некој ви озбебедил тросед. Сакам да се имунизираме со убав мубает, со ум, со добрина. Здравје, само здравје другари“, рече Петровиќ.
Додека и тој и Сашко Коцев зборуваа, се гледаа аплаузи, исто како да е алата полна. Но, тоа се снимки од минатата година. Потоа, Петровиќ се појави од празна сала.
-Нека не ви остане оваа слика кога е празна салата“, рече тој. Бубамара е оваа година под мотото „Вакцина за добро разположние“ и „Ќе преживееме“.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин