Раде Рогожаров: Купот пари го истурив на спална и се радувавме

0

Пејачот и актер Раде Рогожаров, еден од највеселите ликови на нашата естрадна сцена е се уште ведар и позитивен лик.

Рогожаров, во емисијата „Магазин“ на „Сител“, изјави дека треба да гледаме позитивно на нештата и не треба да бидеме опседнати со вирусот.

– Цело време ги смислувам средбите со луѓето, ги размислувам, ги доживувам, се е убавина. Колку ќе го гледаш доброто кај луѓето.

Во оваа ситуација треба сите да си помагаме, сите да бидеме во прва линија. За раце да се фатиме, и мораме да си помагаме“, изјави пејачот.

– Ќе ја спомнам баба ми Магда. Ќе ја прашав: Каде одиш бе бабо? Одам кај баба ти Блага, да се насладам на муабет. Гледам дека сега ни недостасува муабет, во вистина, во реалност“, рече Раде и спонтано ја фати гитарата и запеа.

– Е, да ви кажам, во во овој стил, ќе си излезам на лозјето, а не можам да не излезам во природа, со моите сограѓани со кои се сеќаваме, има брачни парови, кога ќе се видиме не можеме да се изнарадуваме едни со други“, раскажа Рогожаров и продолжи со приказната како е во неговиот роден Штип за време на пандемијата.

– Кога се слушнавме, вие рековте: Еве сум на улица, се поздравувам со своите сограѓани“, го праша водителката Јана Серафимова.

– Јас се обидувам да го гледам само позитивното во луѓето. Ако се случи да бидам вратен од некој шалтер, мислам зависи од карактерот на човекот.

Се случува и по десет пати да ме вратат, јас си пеам. Мене не ми претставува тешкотија. Убавината треба да ги зближува луѓето“, порача Рогожаров.

Потоа тој раскажа дека тој и неговите соработници подготвуваат песна за пивото. „Треба да се сретнеме со менаџерите на пивниците, да ја понудиме песната и во ова време-невреме да заработиме нешто“, рече актерот и додаде дека сега со неговото друштво се збира на поле каде што е возможно растојание.

– Секој ден одам на лозјето, од разнода и љубов, три маченца ми живеат таму. Минатата година вдомив три кученца, потоа наидов на маченца.

Им реков: Ќе ве носам на лозје сине, јас така им се обраќам на милениците. Ќе ве носам на лозје, ако ви одговара, секој ден храна таму ќе ви носам.“

Рогожаров ја испеа и познатата песна „Во светот на бајките“ и се присети на својата прва театарска претсва како дете, и додаде дека ни во оваа ситуација тој не се жали на состојбата во која се наоѓаат глумците.

Се присети и на времето кога учествувал во култната „Бушава азбука“, кога заедно со други коелги од Факултетот за драмски уметности, на покана на режисерот Слободан Унковски снимале „Бушава азбука“.

– Таму сакаа да не исплатат како студенти, хонорарот да биде во висина на еден спортски велосипед, но режисерот си држеше до себе, и не испатија во висина на 7 до 9 спортски велосипеди“, рече Рогожаров кој истакна дека ова бил неговиот најголем хонорар.

– Знам дека кога дојдов дома како студент, купот пари го истурив на спална и се радувавме со девојката“, раскажа Рогожаров, и породолжи за тоа дека ги учи социјалните мрежи.

– Како се викаше тоа, Фејсбук? Го учам сега, одам на часови, хахаха. Заради мачињата тој Фејсбук го отворив, тие дамите што ми помогнаа сакаа да слушнат како се мачињата и ми рекоа: Ај, на Фејсбук ќе се слушнеме. И си реков во себе: Леле, немам Фејсбук.

Јас сакам да споделам муабет, мисла, енергија. Тоа треба да е во живо. Не можам јас друг начин на функционирање. Јас сум класика, жива класика. Дома имам критики од син ми од ќерка ми“, изјави Рогожаров.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаЛејла Рамковска прави што сака со своето тело (ФОТО)
Следна статијаКемиш е љубоморен, не ѝ дава на Зорица Брунцлик да мрдне од дома без него