Пред да дојдам во Канада бев кај жена која ми кажа: Имаш змија за пријателка – ти сè и кажуваш, а таа ти расипува

0

-Ти се дружиш со неа и сè и раскажуваш. Твојата пријателка со која се дружиш уште од средно школо и со која беше на факултет, никогаш не те сакаше! Ти беше љубоморна на убавината, а ти и ги раскажуваше сите детали од врските што ги имаше.

Ти глуми голема пријателка, а зад грб секогаш те оговара, зошто не може да поднесе дека си поубава од неа, ми рече жената.

Почнав да станувам депресивна и станав голем песимист за се’ во животот. Ништо не ми одеше од рака, не можев да остварам голема љубов по каква цел живот мечтаев и почнав да си мислам дека ќе си останам ваква осамена.

Сите мои пријателки веќе имаа сериозни врски, а некои од нив веќе беа мажени. Само моите врски секогаш кат астрофално завршуваа и тоа без никакви очигледни причини..

Летово ми се јави пријателка од Сараево и ме повика на гости, па иако се двоумев, на крај отидов за да променам малку средина, Скопјево никаде не ми бега.

Другарка ми од Сараево ме пречека срдечно, ама веднаш позна дека не сум добро, па уште следната недела ме однесе кај една видовита жена. И реков дека не верувам во такви работи, но таа ме убеди и ми рече дека ќе се смееме и ќе се забавуваме.

Жената ми свари кафе и ми отвораше карти и почна да зборува за мојот живот. За да не заборавам што ќе ми зборува, за секој случај си зедов тефтер да запишувам. Ми кажа:

-Ти си верна и во суштина многу добра девојка, ама и многу наивна. Својата наивност многупати во животот скапо си ја платила и тоа најмногу на полето на љубовта која никако не можеш да ја оствариш. Сите твои врски завршуваат со прекин и тоа без причина.

Досега си имала пет врски, а сите прекини тешко си ги доживувала. А ниту со учењето, ниту со работата не си напредувала многу.

Едноставно, ти си застаната во животот и не можеш да мрднеш напред! – ми збореше и ме гледаше во очи, а јас ја слушав скаменето. Тогаш ми рече дека имам змија во облик на пријателка.

-Ти си најмалку виновна за тоа што ти се случува. Твојата пријателка со која се дружиш уште од средно школо и со која беше на факултет, никогаш не те сакаше!

Ти беше љубоморна на убавината, а ти и ги раскажуваше сите детали од врските што ги имаше. Ти глуми голема пријателка, а зад грб секогаш те оговара, зошто не може да поднесе дека си поубава од неа!

Таа неодамна се омажи, а гледам и дека има некое звање поврзано со медицина, зар не? – како во транс и реков – да.

Епа таа твоја пријателка се служела со некои неприродни дејства и со лаги за да ти ја уништи секоја врска.

Преку социјалните мрежи им пишувала на твоите дечковци и те офирала најлошо што може, лажела и измислувала лоши работи за тебе.

Ти не си ни свесна дека таа има изградено многу лоша репутација за тебе, затоа секоја врска ти пропаѓа. Ти знаеш за која пријателка ти зборувам, сте студирале заедно на факултет, се дружите како родени сестри…

Таа е мажена за маж кој е 10 години постар од неа. Човекот е на висока положба, а таа тоа го искористила за да напредува во школувањето и кариерата.

Таа ти глуми дека ти е како сестра, а потајно те мрази зошто не ја поднесува твојата добрина, убавината и како те гледаат мажите кои се лепат за тебе, а нејзе не ја ни погледнуваат.

Бидејќи виде како се тресам од возбуда, почна да ме смирува. -Драга моја, сега кога ја знаеш вистината, мораш да се повлечеш.

За љубовта ќе зборуваш само со твојата мајка, а набрзо ќе сретнеш една стара љубов која ќе ти ги потврди моите зборови. Оваа врска ќе ја обновиш, ама мораш да му кажеш на момчето дека знаеш за другарка ти како те оговарала зад грб.

Тргни се од неа и не и зборувај ништо. Немој да се караш ниту да се објаснуваш со неа. Одалечи се и се’ ќе си дојде на свое место. Ќе ти бидат потребни два месеци за да се исчистиш од лошото што ти го има направено.

И навистина, после два месеци го сретнав мојот бивш дечко кој работи во Канада како доктор. Отидовме на кафе и онака, “случајно” му ја спомнав другарка ми, и тогаш се откри целата приказна.

На него многу работи не му биле јасни, ама било доцна веќе зошто тој се посветил на кариерата. Ама ми призна дека многу често мислел на мене и му било жал што сме раскинале.

И така, сега јас сум во Канада, а “пријателката” ја блокирав од сите социјални мрежи. Бескрајно сум и благодарна на другарка ми од Сараево и на жената што ми ги отвори очите и што ми помогна да застанам на нозе и да си го вратам животот.

И.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама

Претходна статијаВесна Бејби се изнервира: Па дали сте вие барем малку емпатични кон сопствениот народ
Следна статијаМакедонец од Белгија објасни како таму делуваат мерките за заштита и што не работи со месеци