Весна Бејби се изнервира: Па дали сте вие барем малку емпатични кон сопствениот народ

0

Фотогорафиите се едни од најубавите спомени од некои убави времиња, а кога ќе ги отвориме албумите од пред неколку години секогаш ни се враќаат мислите на периодот прикажан на фотографијата.

Денес, повеќе се застапени социјалните мрежи, отколку оние стари албуми кои ги чуваме во некој дел од домот. Така, деновиве македонската актерка Весна Бејби Петрушевска пред извесно време се потсети на убавите времиња во далечната 1980 година.

На својот Фејсбук, Весна објави фотографија на која е заедно со нејзиното семејство на плажа.

Вака се сликаше во 1980 година после плажа. Строго во два реда, јас сум тоа девојчето крајно десно, сестра ми до мене природно, долу мама, горе до Маја тато, напиша актерката во објавата.

Неодамна, во „Слободен печат“ ја прашаа: Што значи да се биде самохрана мајка во современа Македонија?

-Значи опстанок, не значи живот! Исклучително напорна работа. Проект кој само го надоградуваш и немаш простор многу да маневрираш.

Секое утро освен што се будам и се заблагодарувам на утрото, втората мисла ми се сметките, како да ги оправиш да одат по правиот пат во едно извртено опкружување. Ова е ера на полусветови и полуписмени суштества. Мора да сум будна постојано. Тешко и напорно“, одговори Бејби.

– Јас постојано велам дека сум мажена за своите деца. Не дека очекувам орден, напротив јас учам да бидам родител секој ден. Учам од своите деца, учат тие од мене. Слушам многу музика, постојано читам, вистински љубител на филмови и серии, зависник на Нетфликс.

Ако ме прашуваш за приватниот живот, секогаш велам дека од утре ќе се бавам со него. Бргу ми здосадуваат работите“, изјави Весна во интервју за Точка. Таа на својот Фејсбу профил отворено ги критикува нештата во нашето општество, а тоа го направи и со најновата објава:

– Читам пак сакате ха рд кор да не затварате! Да ви кажам на вас грижливци за нашето здравје, отворивте кладилници,коцкарници,кафичи …затворивте театар.

После точно година дена, утре ќе излезам на сцена (едвај чекам и за два дена се распродаде)!

Цела една година не сум седнала на кафе, не сум си видела другари и другарки, родители на пауза, чувам дете кое за време на кор-она не смее да е затворено, а јас читам вакциниве 2028 ќе дојдат.

Постојано сум со маска и почитувам дистанца. Па дали сте вие барем малку емпатични кон сопствениот народ. Направи грешка стави полициски, нема вакцини бапни локдаун. Не пол уд-евте скроуз! Да си набавите вакцини одма.

Тоа ви е работа од наш данок земате плати. Имате обврска да работите за народот, а не со дефокус не пукнавте.

Никој не зборува за менталните последици од оваа состојба, ќе нема да знаете кај ви е га-зот. Баш ме нервирате искрено!“, рече Весна која утре ја игра претставата „Влези, не се соблакај“ во МНТ.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаАца Лукас ја прозва Рада Манојловиќ и другите колешки и им порача- кој ви е крив што немате тезги
Следна статијаПред да дојдам во Канада бев кај жена која ми кажа: Имаш змија за пријателка – ти сè и кажуваш, а таа ти расипува