Помина една година откако земјава е во криза попради вирусот. На 14 март минатата година престанаа со работа улчилиштата, а се затворија и угостителските објекти.
Музичарите оттогаш многу слабо, речиси воопшто и да не работат.
Еден од музичарите кои секогаш упатува јавни критики до власта е Владимир Блажев- Панчо од дуото ДНК.
– Сакам да потенцирам дека веќе надлежните го имаат изгубено кредибилитетот и довербата кај граѓаните и убеден сум дека не постои политички функционер од било која партија на кои граѓаните му веруваат или би му верувале.
Тоа е најголемиот пораз за нив но и за нас како граѓаните на земјава“, изјави тој претходно. Овој пат Панчо на Фејсбук понуди решение за кризата.
– Како бе не ви е срам не ве сфаќам, како е можно да немате грам човечност во вас?
Тврдам дека до сега да имавте ЕДЕН, пази ЕДЕН со малку МОЗОК ќе ја решевте кри зава многу одамна како што се реши и држи под контрола во Нов Зеланд, Австралија и Кина од каде и дојде болеста.
Прост пример: Затвори се 21 ден и од после, ставај буквално се што влага во земјава по 14 дена во изолација при влез и тоа е тоа, ПРЕедноставно е.
Кога велам ЗАТВОРИ мислам на ЗАТВРОРИ да важи подеднакво за сите, а не да мижите каде не ви е сигурно.
Ете ви ги хотелите кои поради кризата не функционираат и спроведувајте ги луѓето таму со полиција и нека си го платат и престојот зошто вие 100% не може и не сте способни да им го обезбедите затоа што поважни ви се бифтеците, лешниците и бадемите за вашите га-зови.
Проста логика еве поправете ме ако грешам. Ќе каже некој ама не може така ама знаеш индустријата, економијата бла бла бла…..
Чекајте бе луѓе, 12 месеци животариме тоест не живееме, а мала земја сме и е многу лесно да ја контролираш, исчистиш и да функционираш внатре, ама за тоа треба МОЗОК и желба.
Жално за сите нас кај живееме и многу нормално е да се нема доверба во ниту еден политичар дека вие не сте политичари туку себични луѓе кои најбитно и примарно ви е да си ги обезбедите финансиски вашите 2-3 поколенија, а визијата за напредок на земјата и граѓаните кои ве гласале е сведено на една голема НУЛА.
Срам сте голем и немој да мислите дека некој се уште ви верува. Циркуз држава“, нашиша меѓудругото Блажев.
Фото: Freepic, Фејсбук принсткрин, Инстаграм пронтскрин