Петар Колев: Гарванлиев, не си ти виновен за тоа што дел од нашето општество е полно со комплекси

0

Низа реакции во јавноста се кренаа по објавувањето на спотот за евровизиската песна на Васил Гарванлиев, во кој еден кадар асоцираше на бугарското знаме, но и по неговото интервју за еврвовиски портал, откако новинарот го прашува Васил: Дали си државјанин на Северна Република Македонија, тој вели да: Но, и на Бугарија.

Така Гарванлиев објаснува дека има и бугарско државјанство, но раскажува и дека баба му е со бугарско потелко, а неговиот роден град Струмица е блиску до Бугарија.

Многумина му замерија на Васил за оваа изјава и се појавија лавина од коментари на Фејсбук. Се напрфави и петиција чија цел е да му се забрани на Васил да ја претставува Македонија на Евровизија.

Денес Гарванлиев сними видео, во кое детално ја објасни неговата лоза, и ја разреши дилемата за бугарскиот пасош, кој е од пред 20 години, како што објасни Гарванлиев.

На крајот од видеото Гарванлиев вели: „Сите ќе пробаат да те скршат и соборат, без да знаат дека тоа е прави посилен, да продолжиш на патот кон успехот“.

Поддршка за Гарванлиев, стигна од лидерот на партијата ГДОМ, Петар Колев. Тој на својот профил на социјалните мрежи напиша:

„Гарванлиев, можат само да ти се фатат! Во изминатите години Македонија имаше претставници на Евровизија од речиси сите етнички заедници во земјата и тоа не претставуваше никаков општествен предизвик.

Калиопи – Влаинка, Тијана Дапчевиќ – граѓанин на Србија, Адријан Гаџа- Албанец, великанот Есма Реџепова- Ромка и ред други.

Денеска, претставник на Македонија е Васил Гарванлиев, човек со богата автобиографија и сериозна музичка кариера, кое по правило би следело да е повод за гордост, но искреноста и чесноста во нашата држава за жал се повод за омраза и навреди.

Најпрво се возбудија „душегрижниците” на македонскиот патриотизам од кадар во спотот, кој е всушност уметничко дело, кадар избран од режисерот на самиот видео клип, но тоа воопшто не се укажа како бариера за нивната зл оба и искомплексираност.

Истовремено би додал еден едноставен факт, повод за длабоко размислување, присутен во редица промотивни или музички спотови, но и во секојдневието на истите „душегрижници” како што е албанското знаме, поставено на редица институции, јавни места и обележја, но тоа не им пречи во постапката за вработување или градење на кариера дел од истите „душегрижници” или нивни блиски и роднини да се самоопределат за Албанци, Турци или други.

Се укажа „фатална” грешка за Гарванлиев да ја каже вистината за потеклото на неговата баба и за неговото бугарско државјанство, кое за жал предизвика низа од реакции.

Во нашето општество вистината и искреноста е повод за омраза, а лагата, манипулацијата и криењето се издигнати на ниво на култ.

Огромен дел од разјарените и силно вознемирени „патриоти”, нивни блиски или роднини се државјани и на други земји, вклучително и на Бугарија. Тој факт многу „патриотски” го кријат, за него манипулираат и лажат, но тоа не претставува повод да се засрамат, точно обратно, стануваат агресивно вулгарни и арогантни.

Сѐ уште го паметам оној велемајсторски гол од корнер против Англија на легендарниот Артим Шаќири, од тогаш многу Англичани научија за Македонија.

Искрено се надевам, Васил да е тој „играч”, кој на оваа Евровизија ќе постигне таков погодок кој уште долги години ќе биде повод за наша гордост, но и причина целиот свет да слушне и види нешто квалитетно и достојно од Македонија.

Гарванлиев, можат само да ти се фатат, не си ти виновен за тоа што дел од нашето општество е полно со комплекси, никогаш во животот опера не слушнале, театарот им е мисловна именка, а огромен дел од нашите сограѓани најголемото дело кое го прочитале е Зоки Поки, не бидејќи сакале, а затоа што ги натерале од училиште во прво одделение.

Ти почитуван Васил, ќе продолжиш да ја радуваш публиката во Париз, Милано, Виена и цел свет, а ние кои не те заслужуваме за жал, еден ден ќе се гордееме со твоите успеси и ќе се фалиме дека сме од Македонија, знаете оној Васил Гарванлиев, баритонот од Струмица… Ом разата ќе ја прегази уметноста, но и човечноста!

Претходна статијаДац: Во Драмски закачија знаме на ВМРО, па донесоа поголемо знаме од СДСМ
Следна статијаЗоки Фаци се налути за следбениците: Клошари провидни