Несомнено Драгана Мирковиќ е една од најпознатите пејачки во Србија и во дијаспората.
Иако многумина на почетокот од кариерата и се потсмеваа на изгледот, таа сега е една од жените со одличен стил.
Драгана повеќе од дваесет години не живее во Србија. Таа е во Виена заедно со сопругот Тони Бијелиќ, кој има свој приватен бизнис, и со децата Мануела и Марко.
Куќата во која живее Драгана е како од бајките, таа има свој приватен спа центар. Куќата има неколку спални соби, базен, дрвени скали, бања украсена со Сваровски кристали, приватна сауна и префинет италијански мебел.
Во куќата, Драгана и Тони имаат и свој приватен базен. Бањата е украсена со Сваровски кристали.
За декорацијата и за стилот на куќата, пејачката вели дека се погрижил Тони, а тој и ги исполнил сите желби.
Без оглед што живее во луксуз, за Драгана велат дека е мнигу скромна личност и сака да се дружи. Една од нејзините добри пријателки е и Лепа Брена.
Минатото лето, Драгана и Лепа Брена и семејно се дружеа во Монако и во Монте Карло.
Популарната Драгана во јануари прослави роденден, а по тој повод се огласи на својот Инстаграм профил.
Нејзината објава предизвика многу коментари, бидејќи посака нешто што им недостасуваше на сите во времето на вирусот, и сите се најдоа во нејзините мисли.
„Денес ми е роденден и имам право да посакам желба. Сакам нашите животи да се вратат кај нас, децата повторно да имаат детство без мас ки, и луѓето да се прегрнуваат и бакнуваат, сакам …
Сакам да ЖИВЕЕМЕ ПОВТОРНО. – напиша пејачката и предизвика лавина коментари и лајкови.
Драгана Мирковиќ неодамна го прослави 20-от роденден на својот син Марко.
Бидејќи сè уште има пандемија и во сила се строги мерки во борбата против неа, Драгана организираше раскошна прослава во нејзиниот замок во Виена, а на социјалните мрежи покажа како изгледа сè.
“Поради забраната за собири и строгите мерки во Австрија, го славевме роденденот на Марко како Ивкова слава, 5 дена. Но, сè за тебе, лаву мој, те сака мајка ти”, напиша Драгана.
Сè беше украсено со балони и големи гумени шишиња шампањ, а големи балони со броевите 20 стоеја во позадината.
Пејачката беше во елегантно издание за роденденот на синот.
Фото: Инстаграм принтскрин