Бендот „Црвена јабука“ од Сараево, кој постои повеќе од 30 години, е познат по многуте хитови: „Дирлија“, „Бјежи кишо с прозора“, „То ми ради“….
Нејзин заштитен знак е пејачот на групата Дражен Жериќ- Жера кој е познат по својот специфилен имиџ, црвени патики и иста фризура која со години ја негува.
„Црвена јабука“ одржа дури два концерта во Белград (8 и 9 март), во салата Комбанк.
На својата официјална страница, членовите им се заблагодарија на своите фанови за приуството и на организаторите што ги почитувале протоколите за заштита.
Српските медиуми го критикуваат овој настан кој се случил среде пандемија, додека повторно на Србија ѝ се спрема затворање заради влошената епидемиолошка состојба.
Настапот на „Црвена јабука“ во Белград раз бесни многу пејачи кои не работат скоро една година поради пандемијата на вирусот, а имаше примери кога некои од нив се обиделе, но таквите собири биле прекинати.
Пејачката Александра Бурсаќ на својот Инстаграм профил праша: „Дали е вистина дека се одржаа концерти?“, И кога и беше одговорено потврдно, таа напиша:
– Немам зборови, сфаќам дека сонувам сон кој нема крај, се срамам од сето ова.
Покрај Александра, се огласи и нејзиниот колега Слоба Васиќ, кој беше видно лут од концертот на „Црвена јабука“ среде пандемија, па тој на Инстаграм напиша:
– Честитки за врвниот концерт во арената среде пандемија. Добро сторено! Кога ќе стапите во брак, јавете се на Црвена јабука да ви пее на свадба.
Инаку, „Црвена јабука“ одржа два концерта во Белград, во салата, пред стотици луѓе, и според сликите се гледа дека поминале според сите протоколи.
Бендот исто така ќе го одржи концертот најавен во Загреб, но виртуелно. На нивната Фејсбук страница исто така се развила дискусија.
Едни ги фалат, а други ги плукаат и нив и организаторите за смелоста да се организира настан во вакво време.
За разлика од Србија, Хрватска не попушта со одлуките сите концерти да се одржуваат онлајн, како што тоа неодамна го направи Јосипа Лисац.
Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин