Осми март го започнав со запршка на шпорет во 6 сабајле: Ана Јовковска раскажа искрена приказна

0

Секогаш отворено и низ лично искуство, за многу нешта зборува Ана Јовковска. Таа е колумнистка, ТВ-водителка, специјалист за односи со јавност и промоција, тренер за личен и професионален развој, активистка и хуманистка.

– Среќни и привилигирани сме сите кои имаме вистински блиски луѓе околу нас. Луѓето кои те сакаат никогаш нема да те остават “на цедило”. Тие се ветер во крилјата кога ти треба полет.

Тие се прегратка кога ти треба нежност. Тие се и подадена рака кога проблемите се нижат на ѓерданот на болката. Не ти го вртат грбот кога лицето ти е уплакано..

Не им тежиш кога тагата ти тежи. Не бегаат од тебе кога срцето ќе им го отвориш. Не се кријат во глувчешка дупка кога ти треба помош.

Тие знаат да дадат и без да бараш. Не се глуви кога ги молиш. Таквите луѓе имаат топли очи и емпатични срца.

Таквите луѓе те учат да се бориш, низ примери и дела ти покажуваат што значи да истраеш. Таквите луѓе се создадени од материјалот на љубовта.

И ја крпат секоја нова дупка одново и одново, се додека твојот фустан не стане прекрасна творба на животот со сите несовршености и искуства“, напиша Јовковска неодамна.

Ана има издадено три свои авторски книги. Првото нејзино дело е „Пулсот и времето“ , по него е „Ехо на слободата“ а третата е „Сакам, значи постојам“.

Денес, таа сподели како изгледа нејзиното секојдневие на Осми март, меѓународниот ден на жената, нејзиното и нејзините пријателки.

– Не ми купувај цвеќе, измиј ги садовите. – Тоа е мојата желба упатена кон маж ми за 8 март.

Овој значаен меѓународен ден го започнав со запршка на шпорет во 6 сабајле! Потоа следуваше една тура алишта за перење…

Па, околу 7 ч. ги фркнав на најјако цедалката, блендерот и другите „помагала“… за од 9 ч. да можам да почнам со работа. Дека ова другото не беше работа нели.

Ѝ се јавувам на другарка ми да ѝ честитам, таа ми вика: Од 3 ч. по полноќ сум будна, се разбуди детето, па моравме да играме до 6 сабајле (маж ѝ продолжил да спие, секако, пошто е на работа нели!

Она е инаку универзитетска професорка и исто така е на работа денес). Да живее родовата еднаквост – формално освоена, реално сонувана!

Оваа приказна е само едно зрнце од корпусот на женските битки, слободи и права. Ова се моменти реално на две привилегирани жени… Се прашувам што е со сите маргинализирани и стишени женски гласови? Со сите обезмоќени жени… Со сите кои немаат избор…

Среќен 8-ми март драги жени – силни и кревки, челични и фрагилни, гласни и тивки! Не заборавајте на своите соништа додека со крајчето од окото ѕиркате низ прозорецот на кујната од кој ја гледате слободата!

Другите пораки ви ги праќам преку потпишаните примероци од мојата книга „Сакам, значи постојам“ во книжарниците на ТРИ како дел од акцијата „Храбри зборови за секоја жена“, напиша Јовковска.

Фото: Јутјуб принтскрин. Фејсбук принстскрин

Претходна статијаЕлена- живот со стил луксузно слави Осми март во џакузи (ФОТО)
Следна статијаЧичко Васе: Син ми се здружи со женчето негово и решиле да не јадат