Еден од најпозитивните и највеселите ликови на нашата фолк- естрада е Нино Величковски.
Тој е долги години зад микрофонот, а најмногу ужива како пее со неговите тамбураши.
Нино, освен што уште го држи глас и е полн со позитивна енергија е секогаш расположен да каже по некој убав збор. Тој во мај ќе наполни 68 години. Минатата година, во Женски магазин за својот 66 роденден, Величовслки изјави:
– Да, јас го прославив мојот 66 роденден. Роден сум на 2 мај во во 1954 година, во мојот убав град Куманово. Убаво си ги носам годините. Како викаат: „Убаво ми стоив и ми личив“, по кумановски кажано.
Јас сум првородено дете во фамилијата Величковски. Прво па мушко -многу се славело, бидејќи тогаш на први и на мај сите оделе на излети, пикник помодерно. Други времиња биле. Така да, со мерак ме мама Лиле родила.
Имам и таква песна отпејано. Татко ми Бранко, како што рекол кумот ме пријавил во матично како Перо. Но, по наговор на тетка ми Невена, веднаш името било променето. Моето крстено име е Нинко.
А сите од мали нозе ме знаат како Нино. Мајка ми, Бог да ја прости, нагалено ме викаше Нине, Нине на маму“, изјавил тој.
Нино во истиот медиум зборуваше за својота љубов, Лидија.
– Лики ми се допадна на прв поглед. Со нејзината непосредност и спонтаност. Беше мирна и нежна, како срна.
Мојата школска другарка Кате се дружеше со неа. Еднаш во мој стил и реков„ „Катице, да ми средиш да се виду сс другарку ти, ама на само, један на један.
Поправо, да дојдете у пицерију „Гарнизон“, по можност тебе да те заболи стомак и одма да си идеш“.
Кате ја одигра успешно својата ролја и од тогаш другарка и е во сигурни и вистински раце. Бидејќи ни беше стројник таа си доби фустан, а Лики си фати дечко.
Седум годни се гледавме тајно. Никој не знаеше за нас, ниту семејствата, ниту пријателите.Откако ја обзнанивме љубовта, почнавме да живееме заедно“, рече Величковски кој најави дека допрва ќе се венча со својата сакана.
Нино гостуваше во емисијата Фолк парада која ја води Антиа Даева, а се емитува на Алфа ТВ. Нино, како познат шоумен, играше Ужичко коло, читаше поезија на кинески, но и раскажа кога последен пат пеглал.
– Алишта не сум пеглал, не научив, рече тој низ смеење. Но, пејачот откри и уште една работа за себе, која ретко кој ја знае, а е поврзана со неговото образование.
– Димпломирав на 58 години, соло пеење, на ЕСРА. Инаку една дигресија, за појање треба да те роди мајка. Работата е најважна, но треба да ти пее петлето“, рече тој.
Фото: Фејсбук принтскрин