Нека е честито баба Цули – д-р Софијанова за 8. март го доби најубавиот подарок

0

Доктор Аспазија Софијанова, или популарната Цули, како што ја нарекуваат блиските пријатели, роднини и колеги, важи за една од нареномираните докторки на Клиниката за детски болести.

Таа беше долгогодишна директорка на оваа институција, па потоа, по промената на власта беше сменета, за сега повторно да застане на чело на клиниката. Секоја чест за ваквиот потег, бидејќи д-р Софијанова тоа и го заслужува.

Детската клиника во Скопје пред околу еден месец, објави приказна за еден мал вистински херој, девојче кое е предвреме родено, а целиот персонал со сите сили се боорел за нејзиниот живот.

„Девојче, родено со одвај 800 грама е вистински херој на одделението за Интензивна нега при Универзитетска Клиника за детски болести во Скопје.

Целиот медицински персонал, точно 61 ден се борат за здравјето и животот на едно од најмалите бебиња кои во последните години било хоспитализирано на Клиниката.

Станува збор за бебе од Куманово кое се родило со само 845 грама, во 25 гестациска недела. Сега има нешто повеке од 1550 грама и се подготвува да се сретне со мама на одделението за Неонатологија.

Директорката на Клиниката, проф. Д-р Аспазија Софијанова, вели дека е особено горда на нејзините колеги, кои два месеци бдеат над бебето.

– Станува збор за бебе со многу мала родилна тежина и со многу очекувани здравствени предизвици. Ова не е најмалото бебе за кое сме се грижеле, но е најмалото во последните неколку години.

Кога го донесоа од Куманово имаше 845 грама, помина време на респиратор, па полека учеше да дише.

Со гордост можам да кажам дека станува збор за едно посебно бебе, херој, жилаво, храбро, едноставно не се дава. Нејзиното име значи пролетен дожд, а за нас и за нејзиното семејство таа е секако симболичо е пролет, нов живот, се буди и живее понатаму.

Особено сум горда на тимот од интензивната нега кој се грижеше за бебето, секоја чест, рече тогаш директорката Софијанова.

Бројни се јавните благодарности до д-р Софијанови, од луѓе кои се прашуваат дали и кога оваа жена спие, бидејќи на сите успева да им помогне.

„Аспасија Софијанова e врвен, светски лекар, нокеска го спаси животот на моето дете. Таа е идеолошки, вмро, јас сум контра вмро, таа Влаинка, јас, Македонец. Дал тоа беше важно во тој момент? Не !

На крајот, таа ми подари своја книга, јас и подарив моја музика. Животот е сепак, над се !!! Мора овие работи да ги разбистриме, осветлиме, да не мешаме баби и жаби, за добро на сите нас.“, напиша музичарот Златко Ориѓански пред некое време.

Директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, вторпат стана баба. Нејзината помала ќерка Анастасија на 8 март роди машко бебе, кое ќе се вика Лука. Среќна и полна со емоции по раѓањето на бебето, доктор Цули вели дека ќерката ѝ го дала најубавиот празничен подарок.

„Најдобриот подарок за Меѓународниот ден на жената ми е мојот штотуку роден внук Лука. Анастасија и Жарко, ви благодарам“, напиша таа.

Ова ѝ е второ дете на Анастасија. Таа го има и синот Михаил, кој неодамна наполни една година. Тогаш во интервју за „Репортер“ доктор Софијанова зборуваше за тоа како е да биде баба или, како што вели самата, нанкица на Михаил.

„Со него времето летна. Гледам како се развиваше и како сè уште се развива во едно прекрасно момче. Со него секој ден ми е поинаков. Тој ме прави среќна. Има денови кога не сум расположена и ќе му се јавам, па кога ќе го видам на камера, му велам:

‘нанкица, нанкица’ и имам чувство дека сака да ја земе камерата и да ме гушне преку неа. Па и таа прегратка преку камерата за мене многу значи“, рече д-р Софијанова за Репортер тогаш.

„Јас можеби важам за жена со силен карактер, па и ме викаат челичната леди, и навистина таква сум, ама за Михаил не важат тие правила. Кога се роди тој, улогата на лекар стана второстепена и сосема поинаква од улогата на човек, мајка, жена или нанкица.

Кога се раѓаше внукот, јас во тој момент им препуштив сè на моите колешки. Тогаш ми беше најважно само тој да биде добро“, изјави во таа прилика Софијанова за Репортер.

Претходна статијаСтевчо: Не се само Арачиновци, ги има многу
Следна статијаМузичарот Мартин раскажа низ што поминал додека барал слободен кревет во болниците за свои блиски