Мери Јордановска: На душа носите многу животи

0

Новинарката Мери Јордановска, на својот Фејсбук профил често јавно им се обраќа на домашните политичари и надлежните. Со новиот пост, Јордановска го коментираше доцнењето на вакцините.

Таа на почетокот од обраќањето праша: „Како не ви е непријатно?“, и продолжи:

– Не ви е непријатно да си гласате мрт -ви ладни во државни училишта за лидер на партија меѓу… упс…

Меѓу еден кандидат, додека подготвувате попис на население кога на луѓето им е страв да се разминат меѓу себе во продавници, додека продаваат станови и додека собираме по 1.700 евра на ден за да се лечат по приватни болници, оти немаме капацитети во постојните?

Не ви паѓа малку непријатно пред оние на кои им ветивте вакцини уште во декември годинава, пред оние што во овие два дена бараат да се соберат барем по четворица во кола за да можат да стигнат во Белград да се вакцинираат, за да се заштитат себе…

А за најблиските, којзнае, ако најдат српски телефонски број, можда… Имате му-да да изброите колку ваши членови и директори се вакцинираа пред сите нас?

Имате муда да кажете јасно и гласно „ПОТФРЛИВМЕ!“? Немате. По постапките се гледа дека немате. Сите чекаат вакцини а вие им презентирате апликација за мобилен телефон, со најнови вести за вирусот?!

Луѓе чекаат вакцини, како во цел свет, ама вие им давате изјави од типот „извинете, во цела Европа е така…“.

Господа, во цела Европа не е така. Кај нас е така.

На душа носите многу животи, верувам дека тоа не е затоа што така сакате, туку затоа што толку можете. И човечки е тоа да се признае.

Нечовечки е на граѓаните да им продавате било каква приказна поразлична од онаа, диктирана од горе, од оние што мислат дека сме недоветни.

Мене ми паѓа жал од сликата што нè чека викендов, кога колони од Македонија ќе се наредат на Табановце.

Жал ми е и за оние што ќе ја примат вакцината, и за оние што ќе останат дома да ја чекаат вакцината.

Оти не знам веќе што чекаме, во оваа држава без визија.

Ама добро, утре можеби ќе го видам Груби како амбициозно собира попишани, па уште и ако посетите некоја болница, со некоја нова мобилна апликација плус, можеби ќе ми се врати довербата дека некогаш ќе не биде. Со среќа нека ни е!“, објави Јордановска.

Фото: Фејсбук на Мери Јордановска, Јутјуб принскрин

Претходна статијаБлагоја Чоревски: Бугарскиот јазик е сленг на македонскиот
Следна статијаСемејството Николовски проговори за Трифун: Тој од Виена каде живееше, за нашата ќерка организираше санитетски авион