Марија Шерифовиќ ги напушта „Звезде Гранда“ поради кавга со Саша Поповиќ?

0

Емисијата „Звездe Гранда“ тешко дека може да помине без некаква кавга, повеќе или помалку.

Во еден пeриод овој месец, многу гледачи беа изненадени од изјавата на Саша Поповиќ, кој рече дека членката на жирито, Марија Шерифовиќ, е маж.

На Марија воопшто не ѝ се допадна шегата на Поповиќ, па видно се изнервира и реши жестоко да му одговори.

Имено, кандидатот Новица Булатовиќ ѝ даде поддршка, дојде со неговата пријателка и нејзиниот помлад брат Филип, кој донесе рози за женските членови на жирито.

– Само да кажам, денес е 13 март, така што пред неколку дена беше 8 март, Денот на жената.

Но, добро, не е важно, никогаш не е доцна, започна да објаснува Саша. Марија е маж, не ѝ треба – рече Поповиќ додека момчето делеше рози.

По неколку секунди, се слушна гласот на Марија, а потоа му врати на Саша: „Ви благодарам многу, вие сте сериозен господин.

А ти си ѓубре и необразован човек“, му рече Марија на Поповиќ со насмевка.

Наскоро, Поповиќ се обиде да ја поправи работата и го праша момчето каде е розата за него.

По овој сканд -ал, Марија Шерифовиќ, наводно, му рекла на Саша Поповиќ дека ќе го раскине договорот и дека од следната сезона нема да седне во жирито на музичкото натпреварување, доколку не се извини.

– Саша прави шоу, тој е доктор за гледаност, точно знае до каде треба да турка, но понекогаш претерува.

Марија е навредена, смета дека не е убаво да се зборува така пред милионска публика на сметка на нејзината определба.

На крајот на краиштата, таа не е маж, туку жена – вели извор близок на пејачката за Свет.

„Не се шегувај, Поповиќ“, му рече таа, и го зеде цвеќето.

Иако сите во жирито мислеа дека се шегуваат, драмата продолжи по снимањето, па Марија лута го напушти студиото и се закани дека нема да разговара со него додека не ѝ се извини пред сите.

Фото:Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаПо денешните настани, се огласи Никола Груевски: Упаднале во 6 сабајле кај што живеат моите две деца
Следна статијаМоќен статус на Сефер: Јас сум поголем Албанец, Турчин, Торбеш и Македонец од некои кои се пишуваат така