Порано беше актуелна на насловните страници по списанијата и во реклами, ги полнеше и таблоидните портали.
Сега манекенката Александра Накова веќе не се занимава со шоу-бизнис откако стана мајка на Леа.
Накова пред извесен период се раздели од поранешниот кошаркар Никола Гајдаџиев и се врати во својот роден град, Гевгелија.
– Moјата ќерка Леа ми е сè во животот, призна поранешната манекенка.
– Со Никола не сме заедно долг временски период, имаме нормална комуникација и 90 проценти од истата е сведена околу Леа и нејзините потреби.
Нашата ќерка е мала, и требаат и мајка и татко и поради тоа ние мораме да разговараме и да бидеме во добри односи, рече Накова за „Бекстејџ“ за својот брак.
Таа рече дека е повторно среќна и вљубена, но не сакаше да открива дополнителни детали. Во 2019 година, таа објави една слика со непознат маж на својот Инстаграм профил.
Манекенката вели дека со поранешниот сопруг останале во добри односи и грижата за ќерката им е поважна од сите несогласувања.
„Решивме сѐ што имавме во интерес на ќерката. Ми годи животот во помал град и ми годи што не сум манекенка“, изјави таа.
Накова, која важеше за една од најангажираните модели пред неколку години, вели дека сега ѝ годи мирниот живот во помал град, и за неа нема ништо поважно од грижата за ќерката.
Накова-Гајдаџиев минатото лето беше приве -дена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, а овој случај го потврдија и од МВР.
По апсењ -ето, таа е спроведена во државен карантин, а за настанот е известен и Јавен обвинител.
Накова која претходно била во Белград, подоцна била видена во познат козметички салон во Скопје.
Накова сега се врати на социјалните мрежи и очигледно е дека повторно му се враќа на манекенството.
Таа постојано провоцира со фотките кои повеќе откриваат отколку што покриваат, и рекламира облека од моден бренд.
Очигледно е дека таа ѝ се враќа на својата стара љубов, манекенството.
Фото: Инстаграм принтскрин