Лила ужива во Истанбул со ликовите од турските серии

0

Водителката и инфлуенсерка Лила Стојановска многу сака да патува и да открива нови места.

Лила на својот Инстаграм профил постојано споделува слики од своите патувања и местата на кои ужива, а и ги рекламира.

Лила веќе 10 години го води квизот „Се или нешто“ за кој во една прилика изјави:

– Во овие 9 сезони имало навистина интересни натпреварувачи и интересни случки за паметење, но јас би издвоила цела една емисија, не само случка.

И не само јас туку целата јавност.

Тоа е емисијата со натпреварувачот Берзат од Велебрдо.

Целата емисија беше, смешна, забавна, со многу позитивна енергија , тоа е исклучително интересен човек со многу жувотни приказни.. Од Берзат научив и нов збор „канаќисавме“!“, рече познатата водителка.

Таа неодамна беше во Кападокија, и од таму сподели интересни фотографии и видеа како лета со балон. За Кападонија, таа на Истаграм напиша:

– Дури денес ми стана јасно зошто луѓето од целиот свет доаѓаат во Кападокија. Постојат многу начини да се доживее адреналин, но тврдам дека ова е еден од најубавите.

Изгрејсонце на кое според легендата играат самовилите во “Долината на љубовта” нестварен поглед на чудото на природата и чувството дека лебдиш е причина ова доживување никогаш да не го заборавиш.

Најбитни се временските услови. Најголем непријател ветрот.

Пред две години со мојот другар @rolladobolla не успеав да летам ама овојпат ме посака среќата.

Времето беше идеално како пролет и многумина како мене уживаа. Во моментов тука има 250 балони од 25 компании а сѐ започнало со само еден балон на еден шведски брачен пар во 1991.

Останатото е историја….Да , има многу причини да се посети Кападокија ама ова е една од најубавите“, рече Лила.

Таа од неодамна е повторно активна на Фејсбук, а таму сподели уште една интересна фотографија, повторно од Турција, овој пат од убавиот и по малку снежен Истанбул.

Во описот на фотографијата таа ги спомна ликовите од популарните турски серии: „Истанбулската невеста“, „Романтичарот“, „Бурни времиња“…

– Секоја уличка, секој ѕид, секоја стреа имаат своја приказна…приказна за нечиј живот, нечија љубов, нечиј успех….

Тука прошетал романтичарот, некоја истанбулска невеста ги сликала свадбените слики, Џемиле купувала цвеќе…да тоа се улици кои секој бар еднаш во животот треба да ги прошета. Истанбул“, напиша Лила.

Фото: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаПрија се пофали со новите штикли, чинат повеќе две просечни плати
Следна статијаПо денешните настани, се огласи Никола Груевски: Упаднале во 6 сабајле кај што живеат моите две деца