Лејла Рамковска прави што сака со своето тело (ФОТО)

0

Пандемијата која трае веќе цела година на сите нас ни наметна нов начин на живот, и прилагодување на тоа дека многу од обврските можат да се завршат и онлајн, па дури и задоволствата.

Многу фитнес, зумба, пилатес и јога инструктори своите часови ги држат онлајн, а таков е случајот и со Лејла Рамковска.

Таа е ќерка на Велија Рамковска, сопственикот на некогашната А1 телевизија и на други медиуми, како и поранешна сопруга на Сефер Цановски, синот на Фиат Цановски.

Лејла е мајка на две деца, која неизмерно ѝ е посветена на јогата.

На нејзината витка фигура не можете да останете рамнодушни, а фотките кои ги објавува на својот Инстаграм профил воодушевуваат многумина.

Во едно интервју, Рамковска зборуваше за тоа како всушност станала јога инструктор:

– Во животот верувам за секој од нас, доаѓа таков момент кога треба да направиш избор кон каде ќе се движиш…

Дали тоа ќе биде кон самоуништување, самосожалување и не среќа или кон пронаоѓање на сила во себеси за трансформација на самиот себе во најдобрата верзија. Затоа треба и верба во самиот процес, но и мир со себе и светот околу нас.

Јас и мојата фамилија, надминавме многу тешки моменти. Тоа го направивме со свесноста дека само со вртење кон себе, секојдневно наоѓање на причина за чувство на благодарност, како и огромна љубов и верба кон животот и кон еден на друг, како фамилија…. Ете така излеговме од сè што ни се случи како посилни луѓе.

Од физички аспект, после раѓање на две деца и многу испробани спортови, јас никогаш не сум се чувствувала подобро и пофит, благодарение само на јогата.

Секако потребно е посветеност, континуитет и љубов кон тоа што го правиш“, изјави Рамковска во Женски магазин.

Рамковска сега има своја Фејсбук страница на која ги рекламира онлајн часовите за месецов, а ги одржува два пати во неделата. Таа е доста активна и на Инстаграм каде споделува слики од своите вештини.

– Флексибилна во ставови, цврста во намери, адаптибилна на промени. Силата е во покажување на свои спротивни една на друга особини, без разубавување.

Придружи ми се на Онлајн Јога и во Март. Биди ти промената што ја бараш од другите“, порача таа на Инстаграм.

На најновата објава, Рамковска прави шпага, и ја открива тајната на својот добар изглед.

Една тајна за долгорочна љубов (јогиска) Забавувајте се во процесот на учење. Не се сфаќајте пресериозно.


Март ми е месец за ослободовуње од стари и правење простор за нови енергии. Да се ослободиме од крутоста сами која си ја создаваме“, порача Рамковска до оваа интересна фотографија.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаЈон Фрчкоски му одговори на Стевчо: Никому не посакувам да се тресе у чекална чекајќи епилог за детето
Следна статијаРаде Рогожаров: Купот пари го истурив на спална и се радувавме