Јелена: Сестра ми денес не напушти – имаше 40 години, беше стоматолог и не сакаше да се имунизира

0

Приказната за Јелена С.С., фармацевт од Белград, е застрашувачка и поучна. Нејзината сестра вчера поч ина од последиците од вирусот корона, таа беше стоматолог и, за жал, како и многумина, не сакаше да ја прими вакцината.

Во статусот со кој се збогува од својата сестра, Јелена ги замоли сите што се во можност да ја примат вакцината. Како доказ дека вакцината е спас, таа ги наведе примерите на нејзината мајка и татко, кои исто така се заразиле.

Но благодарение на имунизацијата, тие низ ова премрежје поминале многу лесно. Со нејзина дозвола, блиц.рс ја споделува приказната во целост.

Срцето на сестра ми престана да чука денес. Прво откажаа белите дробови, потоа срцето, на крајот бубрезите. Таа имаше само 40 години, беше стоматологот и не сакаше да прими вакцина.

Сметаше дека ковид е обична настинка, која сите треба да ја прележиме. Таа првите симптоми, во вид на треска, ги доби минатата недела.

На почеток симптомите беа благи и не сакаше да оди на лекар. Но пота почна да го губи здивот, од почетокот на оваа недела и потоа беше примена во болница. До синоќа беше добро. Таа поч ина попладнево.

Не сум некој што дреме на Инстаграм и не го пишувам ова без причина. Мајка ми е пациентка со бубрежни историја и помина со многу лесна форма, таа дури немаше ни температура.

Таа ја има примено вакцината Фајзер, обете дози. Тато прими Синофарм на 1 март, една доза, тој е на полуинтензивна нега, стабилен е, прогнозата му е добра, иако има и тешко срцево заболување, како и дијабетес…

Ве молам вакцинирајте се. Јас се измунизирав со АстраЗенека и ме боли уво за тоа што велат дека е тромбогена. Кконтрацептивните средства се тромбогени, па ги пиеме.

Друга работа, ако добиете ковид-19, јавете се во специјализирана болница веднаш штом качите температура. Не чекајте да се развие Цитокинска бура, која најчесто се јавува околу 10-тиот ден.

Дотогаш може да имате многу благи симптоми, кои потоа можат да станат сериозни и да го предизвикаат она што никој не го посакува.

Цела Европа „кубури“ со вакцини. Во Италија во моментов се вакцинираат само луѓе на возраст од 80 години и повеќе, кој знае кога младите ќе дојдат на ред.

Ние овде со Србија ги имаме, а некои од нас не сакаат да примат. Дали сме нормални?

– Ова не се однесува на лица кои поради претходни медицински причини несмеат да примат. Тие треба да се консултираат со својот матичен лекар.

Ги замолувам лекарите, фармацевтите, сите кои се вклучени во здравствената заштита, да заземат цврст став и да апелираат за секој што може да се вакцинира.

Вакцината е наследство на човештвото и може да спаси животи. Подобро е да учиме од грешките на другите луѓе отколку од сопствените “, напиша Јелена СС на крајот од својот пост.

Претходна статијаПроф. Трајковски направи симулација што би се случило доколку се воведе 96 часовен локдаун, без да се излегува од дома
Следна статијаКоце Трајановски: Кога ме избркаа од работа бев под кирија со бремена жена