Зоки Фаци се налути за следбениците: Клошари провидни

0

Познатиот водител и инфлуенсер Зоки Фаци му беше гостин на водителот Стефан Лазаров, на неговиот Јутјуб канал.

Зоки и Стефан кои се колеги од 1ТВ чепнаа многу интересни теми и наши познати личности.

Зоки прво започна да зборува што работи сега. „После 15 години на телевизија, решив да ставам крај на таа приказна.

Работам во „Фламинго“, таму сум маркетинг и ПР, работам во „Ми каса“, работам на Инстаграм, свашта правам.

„Сега си инфлуенсерка, по ново, така ќе му дојде“, му рече Стефан. „Инфлуенсер, да“, му одговори Зоки Фаци.

„Во Македонија, пред 15 години се појави Фаци, воведовме к урт-изани, спо нозруши и трачеви. Во тоа време беше тоа ш =ок. Да видиш ци цки на телевизија…“, му рече Зоки на Стефан за своите почетоци.

Потоа, Стефан му се пожали дека има проблем со гости за снимање, дека тешко прифаќаат да му гостуваат.

Зоки му го објасни и тоа. „Тоа е затоа што нашиот народ Стефан е гл уп. Треба да сфатат дека тоа е едно бо јно поле каде што добиваат и губат, ама повеќе нашиве ѕвезди губат зашти не се појавуваат во вакви емисии како твојава, или како што беше мојава.

Влатко Лозановски, детето има глас, прашај го и него кога ќе ти биде гостин, првото интервју му беше со мене, му го договори Ерик Фокс од Антена 5, Влатко ми дојде како да паднал од небо.

Моето интервју со него беше буквално вака: Да, Не, Да, Не. И тоа не се измени, еве колку години е на сцената, има убави песни, хитови му ги слушаат песните, ама Влатко Лозановски ја нема таа ѕвезда која би го направила број еден, вокално да но…

Знаеме сите дека девојка му го откачи, избега за друг во Турција, ние го бараме за изјава, не знам, шо знам, појма немам, не крева на телефон, и ден денес се гледа со нејзе тајно но никој не го објавува тоа”, рече Зоки.

Порталот muzika.24.mk потоа објави дека Лозано по оваа изјава го одследил на Инстаграм.

На ова, Зоки очигледно се налутил, па му возврати со видео порака која ја објави истиот портал. Во видеото, Фаци вели:

– Тоа покажува еден карактер. Тоа покажува дека Влатко е исфрустриран што не може да биде Тоше Проески. А знаете зошто не може да биде? Затоа што нема таква ѕвезда“, вели Фаци.

Водителот сега се налути зошто на Инстаграм не му ставаат лајкови, па на оние кои го следат а не го лакјкуваат на Инста стори ги нарече „Клоша-ри провидни“.

Зоки тоа на овој начин го објасни:

– Кло-шари провидни. А тоа иде вака: Зоки, шо правиш? Абе, да не имаш илјадарче до први? Јас: Срцка, зашто ме игнорираш на Инста? И одма имаш 30 лајка…“, напиша Зоки.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаПетар Колев: Гарванлиев, не си ти виновен за тоа што дел од нашето општество е полно со комплекси
Следна статијаОгнен Јанески: Кој од вас не познава ниту еден со бугарски пасош, нека фрли камен