Пејачката Бојана Скендеровски направи голем потег за Андреј и Љупче (ФОТО)

0

Јавноста е трогн-ата од приказната за малиот Андреј кој живее со самохраниот татко Љупче од Штип, откако сторијата за нив беше објавена во емисијата „Срце на дланка“.

Љупче Николовски има 23 години, од Штип е и имал тешко детство кое го поминал во домови за деца без родители.

Кога бил бебе, мајка му заминала и го оставила да го чува татко му и баба му. Баба му почи -нала во 2012 година, и тогаш за него почнал тешкиот живот.

Паднале во тешка финансиска криза, па така татко му тргнал по лош пат.

За да ги вратат долговите, морале да го продадат станот во кој живееле. Тогаш Љупче завршил во дом за деца.

Домот го напуштил откако наполнил 18 години, а тешкиот животен пат потоа го продолжил на улица каде што живеел од милостина на случајните минувачи.

По некое време се вработил во Градскиот стадион во Штип, но набргу и од таму бил отпуштен.

После тоа почнал со работа во авто перална, каде и преспивал, но и тоа лошо завршило.

После некое време се вработува во штипската болниица каде и ја запознава Ирена. Започнале врска и го добиле нивниот син Андреј. Живееле во стан под кирија.

И таман кога помислил дека животот му се средува, Ирена заминала од дома, и ги оставила сопругот и својот син. За Љупче повторно почнува маката, но овој пат заедно со синот Андреј.

– Се задолжувам само за да има моето дете, има моменти кога немам ни за млеко, па му растворувам вода и шеќер.

Ако треба јас нема да јадам ама за Андреј ќе има, изјавил Љупче и кажал дека негова желба е да најде вработување и да има нормален живот за него и за синот.

Откако се сподели бројот 075-304-405 на социјалните мрежи многумина се заинтересираа да му помогнат на овој мал херој и на неговиот татко.

Хуманите граѓани и организации веќе им обезбедија на него и синчето Андреј храна, облека и работи за домаќинството откако оваа објава се сподели во многу групи.

Групата „Штипска јавност“ објави дека на таткото и на синот им помогнал градоначалникот на Штип д-р Сашко Николов.

Во групата се сподели објава која вели: Имам прекрасна вест за вас. Љупче од утре почнува со работа, а малиот Андреј во градинка благодарение на градоначалникот д-р Сашко Николов“.

Во акцијата се вклучи и пејачката Бојана Скендеровски која на Фејсбук објави автомобил полн со намирници за Андреј и за Љупче, ѝ се заблагодари на водителката и напиша:

– Бевме експедитивни, зошто малечкиот пресладок Андреј и татко му Љупче заслужуваат да бидат среќни, благодарам на сите што донираат од сите страни на земјава, колку малку е потребно за да усреќиме некого..

Овие очиња да не бидат повеќе тажни, а мешето празно. П.С.Оливера Петрушевска што ни ја откривте тажната приказна на Љупче и Андреј со емисијата „Срце на дланка“,за да можеме да помогнеме.

Фото: Фејсбук принсткрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаД-р Мирослав: Зошто некои луѓе по имунизација се повторно позитивни и кој ќе треба да прими трета доза
Следна статијаЖените и мажите да не одат со различни партнери : Благица Павловска најде решение за пандемијата