Сопствениците на угостителските објекти кои изминативе денови штрајкуваа пред Владата поставувајќи маси и столчиња како на свадба, ги предложија новите протоколи за да продолжат со работа.
Тие предложија на свадбите да не се игра оро, и да нема музика во живо.Тие предложија да нема играње и да има тивка музика, а оваа нивна изјава ја разбранува јавноста.
Организаторите на прослави појаснуваат дека не станува збор за проткол за свадби туку за правилник со кој би им се дозволило да почнат да работат како останатите кафеани.
А веќе по велигденските празници се надеваат дека на отворено ќе можат да организираат и свадби со почитување на сите заштитни мерки.
Новите протоколи кои ги бараат угостителите во однос на нивната работа и одржувањето на свадби наидоа на негодување од страна на музичарите кои остро реагираат на овие предлози.
-Музичарите ги поддржаа угостителите, а тие сега се однесуваат како да не постоиме. Има повеќе опции и ние пративме писмо за средба со комисијата за заразни болести и тие опции ќе им ги објасниме, рече Горјан Стојановски од здружението на естрадните музичари.
Тој вели дека зошто пејачите да не може да пеат со визири а музиката да не биде на растојание од пет метри и да има плексиглас. Тој потенцира дека свадбите не се само ора и чочеци и за пример ги дава многу земји на Запад во кои свадби се прават без ора.
Групата Маестро е една од групите која е најчесто ангажирана на свадбите и на домашните прослави. Во периодот на пандемијата, нивните настапи се сведени на минимум.
За овој тежок период на музичарите, во емисијата „Магазин“ зборуваа Илија Филиповски и Војче Петрушев, кои се членови на групата, и на почетокот се пошегуваа дека многумина ги мешаат и мислат дека се браќа.
Среќа за нив е што и двајцата се дел од ансамблот „Танец“, кој на почетокот од пандемијата немал ниаккви активности, но сега како што рекоа членовите на „Маестро“, иамаат редовни проби според протоколите.
Тие се многу благодарни на маестро Милан Завков, познатиот хармоникаш, со кој најавија дека подготвуваат нови песни. „Од нашата сцена нема некој со којшто немаме свирено“, изјавија ченовите на групата.
За Нова година, групата направи лајф концерт кој беше подарок за нивните подржувачи и фанови, и со оглед на тоа дека речиси сите луѓе беа дома за Нова година, велат дека доста луѓе го виделе овој нивен концерт.
Илија и Војче зборуваа за тоа дека им недостогаат свирките, но и тие на луѓето им недостигаат. „Многу ни пишуваат.
Помина една година од последната свадба што ја свиревме и многу е тешко за нас, затоа што музиката е јавна професија и сакаме она што го знаеме и што го умееме да го презентираме на јавноста.
Не само дома да го вежбаме. Но, среќа, овој период го користиме максимално за во студио, за нови проекти. Не сме излезени од студио веќе една година, поточно од мај до сега“, рекоа од група „Маестро“.
– Додека имавме настапи, имавме многу често, скоро секој ден, и по шест пати во неделата, фамилијата буквално не можевме да ја видиме.
Јас го фатив последниот воз, се оженив пред ко-роната, и тотално се посветив дома на фамилијата, и покрај тоа сме одморени за да можеме да твориме и да создаваме нешто ново“, рече Војче.
-Сега сме постојано заедно и си реков, кога овој период го истуркавме, после кога пак ќе ни почнат свирките, ќе биде полесно“, искоментира музичарот за својата сопруга. Потоа најави дека наскоро ќе стане татко, а Илија му е кум.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принстксрин, Freepic