Газдата ми се развика зошто ми падна ајнцерот – сето тоа го виде и слушна гостин кој потоа ми го смени животот

0

Секое лошо е за добро. Така вели народот, а и секој од нас кога ќе размисли малку подлабоко, ќе се присети на ситуации во животот, кои најпрво изгледале лоши, но поради тоа, подоцна се случиле многу добри работи.

Многу добар пример за погоре напишаното е приказната од нашиот инбокс:

-Моето име e Верица имам 23 години. Живеам на село со моите родители. Уште од мала бев склона кон учењето и одев на натпревари. Но, што да се прави, моите немаа доволно средства за да можам да заминам на факултет и така уште од 18 години почнав да си работам.

Се надевав дека ќе имам доволно пари за после некоја година сама да си го плаќам школувањето. Морав сама да заработувам барем за мене да си имам заштеда.

Се вработив како келнерка во еден ресторан во градот. Бев некое време на пракса и се навикнав брзо, па ме примаа. На почетокот сè беше во ред, и колегите и надредените беа подготвени да ми помогнат во секое време.

Секогаш насмеани, дури ме зачуди како може да се толку пријателски настроени кон некоја нова колешка. Се дружевме и после работнпто време со колегите, а и едвај чекав да отидам на работа.

Не се жалев ако има премногу гости. Се задржав скоро 3 години, но на крај со премногу патешествија. Сфатив дека сета таа возбуденост била само едно лажно пријателство.

Дознав дека колешките мои биле многу подли и злонамерни. Секогаш кога имале можност ме кодошеле кај газдата. И да нема за што, си измислувале причина.

Колку пати ми се случило на сред смена да ми дојде газдата и да ми се развика пред гостите заради бавно послужување, доцнење на работа, забушавање, а знам дека ништо од тоа не е вистина.

Не знам што им направив толку. Еднаш ми скратија и од платата. Многу ми беше тешко во тој период, се жалев и дома, но и не ми се оставаше работата затоа што се плашев дека веднаш нема да најдам работа.

И поднесував и понатаму, за еден ден да се случи нешто што многу ме изненади. Баш во една таква ситуација се најдов кога дојде газдата и почна да ми вика на сред ресторан, да биде уште полошо се исплашив во моментот и ми падна нарачката.

Бев многу засрамена. Но, еден помлад господин ја слушнал и видел цела ситуација и кога газдата си замина, ме викна демек за да нарача и ме праша дали често ми се случува ова.

Јас, не сакајќи, му раскажав накратко што е и како е и тој ми рече дека баш деновиве барал работничка која ќе му договара состаноци и прима повици во канцеларијата.

Му реков дека не сум соодветна, немам високо образование и искуство. Но по негово инсистирање, ми остави визит картичка и ме покани во неговата фирма на разговор.

Ете така, се случи да отидам, се договоривме и дадов отказ од ресторанот. Газдата, пак, тогаш почна да се умилкува му требале работници еве и плата ќе ми зголемел.

Ама не, не прифатив, не вреди да си го трошам животот на нервози и незаслужени развикувања. Еве сега веќе 2 години работам и сега успеав да се запишам на факултет.

Никој од нас не е должен да трпи навреди и понижувања. Кој сака да работи ќе најде и вработување и луѓе што ќе го почитуваат.

Затоа никогаш не си го губете времето толку многу како јас што изгубив нервирајќи се. Учете од туѓо искуство и ако гледате дека не оди, сменете.

Обработи: С.С.   Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаИзбега во Египет и го смени името: Необичниот живот на пејачката која ја сакаше цела поранешна ЈУ
Следна статијаОгнен Здравковски во друштво на згодна докторка (ФОТО)