Емилија Розман е поранешна Мис на Македонија, диполомиран дефектолог и голем хуманитарец. Таа е една од најпопуларните лица на социјалните мрежи кај нас.
Минатото лето беше хит на социјалните мрежи, откако најави дека ќе заплива во брачните води и објави слики од романтичната веридба со Стефан Ангелковски.
До сликата, Емилија напиша: До месечината и назад! ДА! ДА! ДА!“. Стефан ја запроси Емилија на интересно место, додека уживаа во прекрасниот поглед на езерото Козјак.
Емилија и Стефан се знаеа само два дена пред да се свршат. Мисицата тогаш изјави дека тоа не е пречка, и дека и било доволно да сфати дека Стефан е човекот за неа.
За ММС.мк Розман која е инаку по професија дефектолог и активен волонтер во Црвениот крст ја раскажа љубовната приказна со Стефан:
„Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа.
Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми.
Кога ја пружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид.
На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“ Јас реков – зошто да не.
Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не нѝ успеа бидејки Стефан немаше извод.
Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце. Секако реков – да“, изјавила Розман.
Но, бракот на манекенката и на угостителот кратко траеше, само неколку недели. Како што објави дека ќе се мажи, така објави и дека ќе се разведе.
Изгледа дека оваа вест за многумина беше поневеројатна од онаа дека се венчаа познавајќи се само два дена.
Медиумите постојано пишуваа за разводот на Емилија, а таа им одговори со објавата на Инстаграм: „Тешко ми е“, зборови кои ги напиша до провокатовна фотографија.
Розман сега објави уште една јака слика, и во нејзиниот опис таа призна дека не е баш некаква домаќинка, и не ја бива за готвење.
Емилија објави слика како лепи фолија на автомобил, во провокативна поза, и со тоа покажа дека ако ен ја бива за готвење, ја бива за друго.
До сликата: таа напиша: Ама, не знам да готвам.
Фото: Инстаграм принтскрин