Ѓорѓе Васиќ, алијас Џина Папас Џокси, е еден од најпознатите наши естрадни уметници. Покрај тоа, Џокси е урбан лик, Чаирчанец, човек кој има многу пријатели и следбеници на социјалните мрежи.
Џокси утрово раскажа интересен сон, кој го сонил ноќеска:
„Помеѓу сонот и јавето. Јас, инаку, ретко сонувам, но кога сум во сон сонам невообичаени случки, како оваа.
Окупирана Македонија. Бугарската администрација ме испраќа во Њујорк како изнајмена работна сила. Тој пак, од левата страна на реката Хадсон цветно распослан, а од десната ур натини и црнила.
Ние во Македонија научени да гледаме од црната страна и без да ми кажат таму и се упатив. А и мене ме копкаше да знам зошто им се случила таква бе дотија. Ми втурнаа копач во рака и со шлем на главата се спуштив по една удолнина.
Срча насекаде, а чадот и миризбата доаѓаа од сите страни. На раскрсницата застанав и клекнав.
-Што ли барам тука? Како ли ќе излезам? Ниту сонцето се гледа, ниту сијалица, ниту семафор.
На станување помина една девојка со бел женски точак, знаете, онаков, со ластерки на задното тркало да не го потфати убавиот бел со цветови ф’стан, и со кошница на предното тркало полна цвеќиња.
Таа па со убав сламен дамски шешир зад себе остави една лента од парфемот. Во овој амбиент се почувствував како во најубавите години под ре -жимот на Т ито. Мирен, спокоен, сигурен, безгрижен…
Се исправив и затворив очи со полукрената глава, онака, возвишено, кога слушам нагло кочење. Тамам да се свртам на страна и да видам што се случува, таа веќе стоеше пред мене:
– Џокси што правиш тука?!
Колку таа, толку и јас изненаден што во таа црнила налетавме еден на друг. Зорица!
Такво гушкање на искрена радост само во сон може да се доживее. Ѝ објаснив дека сум ангажиран од бугарската администрација како изнајмена работна сила да го спасам Њујорк, а таа:
– Јас го менувам маж ми со иста цел, тој не можеше да дојде! Си велам во себе: Не раштркале по цел свет за да го оправаме? Изглеа не бива. Бооооо!
Од далечина ја слушам Вики како шепоти: Ајдее! Стани! Почна да ме гали, па нешто се сецна:
– Што си се намирисал вака како за излагање, па уште во кревет. Се смее: – Кога дојде дома, сабајлево?
– Остај ме, у Њујорк сум со Зорица, да свртам 2-3 круга и ќе станам. Навистина не знам кај сум бил вечерта така намирисан? Не е ваљда да сум се намирисал па легнал? Колку што знам не сум месечар. Не еееее, не сум до толку.
– Па нели полициски час е?!…“