Џамбазов откри зошто го снема од Инста

0

Игор Џамбазов, познатиот актер, водител и шоумен во едно интерву зборуваше за која негова улога морал многу да се помачи, за да ја изигра како што треба.

-Без двоумење, тоа е улогата на безименото дете во монодрамата „Детски работи“ од Ремон Кус, во режија на Коле Ангеловски. Станува збор за шестгодишно детенце кое ја раскажува приказната на својот живот.

Во таа негова 70- минутна временска машина, јас одиграв точно 22 улоги кои тој ги спомнува во своите приказни. И со букви – двесетидве! Тоа беше предизвик на кариерата.

Коле точно знаеше што треба да направиме, бидејќи ме познаваше како никој друг. Тоа е улога после која конечно и колегите и театарските критичари почнаа да ме сметаат за актер на кого може да сметаат.

Во 1994 година за неа ја добив наградата „Ристо Шишков“, изјави Џамбазов во интервју за „Фактор“.

Тој во истото интервју кажа дека од мајка му, актерката Анче Џамбазова научил како се сака.

-Ако сакаш, сакаш без поговор. Таа ме научи како да ги сакам најблиските, како да ја сакам својата професија, како да го сакам секој ден од животот. Ова последново не ми успеваше баш секогаш. И само тука ја разочарав.

Од татко ми научив дека креативното лудило е дозволено. Од него научив и дека најважна е чесноста. И се трудев да бидам чесен. Мислам дека успеав, затоа што во животот бев нечесен само кон себе.

А од дедо Петре научив дека ако не мислиш дека си центар на светот, не можеш да бидеш актер, хехехехе…од него научив дека „боемштината“ не значи да си пијан од утро до мрак. Дека тоа е начин на живот. Боемштината се љубовта, другарството, музиката и поезијата во едно“, изјави тој.

Откако пред неколку месеци, Игор обзнани дека е во врска со познтата алпинистка и уметник Илина Арсова, јавноста доста се интересира за нивната љубов.

Игор Џамбазов и Илина Арсова пред новогодишните празници беа гости во емисијата Еден на еден. Тие зборуваа за нивната врска, но исто така и за активностите на Арсова. Во таа прилика, Џамбазов признал дека повеќе не може да ја гледа својата партнерка како се качува по карпи.

„Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија, одевме често бидејќи е половина час со автомобил. Навистина се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела.

Лево и десно се стази, бележани. И вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓаше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше 3 секунди. Тоа го видов, и оттогаш ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и претпоставувам колку време им треба да се качат“, раскажа Игор.

Откако пред неколку години му се влоши здравјето и беше опериран, на Џамбазов често медиумите и чаршијата му измислуваат приказни дека е повторно во болница или дека го напуштил овој свет. Така се случи во 2018 година кога тој муабетите дека е во болница ги демантираше со видео објава:

– Петок навечер за мене е резервиран за шпански и германски фудбал. На полувремето влегувам на порталите и што да видам. Видов дека сум однесен во болница и дека сум итно опериран.

Морам да ви кажам хејтери дека сум почесетен што во овој напнат ден, кога очекуваме многу работи да се решат за државата и некои луѓе да завршат таму каде што треба да завршат, што се сетивте на мене, бескрајно сум ви благодаран. За мојата уми р-а чка ќе почекате малку“ изјави Игор во видеото.

Деновиве, повторно се слушаа неубави муабети за него, а Џамбазов самиот ги коментираше на Инстаграм:

– Народе, за некое време ќе објавеле дека сум поч инал. Пак. Па, си вкам, подобро јас да ви кажам, одошто сами да разберете.

Дека сум ум -рел. Пак. Оттогаш, актерот нема објавено ништо на Инстаграм се до пред неколку часа, кога сподели слика со Илина Арсова и под неа напиша:

– Откако умр -ев, ништо не сум објавил…само шо ми кажа Илина…“

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаПејачите лути за концертот на Црвена јабука: Тие нека ви пеат на свадба сега
Следна статијаДино Мерлин за сопругата: Никогаш не сум ти кажал колку те сакам