Дац на романтичен оригинален начин ѝ честиташе роденден на својата сопруга

0

Драган Спасов- Дац, е еден од домашните најпознати актери, со бројни театарски и ТВ улоги, долги години миленик на публиката.

Во неговата филмографија се запишани и успешно одиграните ликови во ТВ и многу филмски проекти.

Меѓу нив се: „До балчак“, „Тврдокорни“, „Тркало на среќата“, „Македонски народни приказни“, „Обични луѓе“, „Хихирику“, „Време за плачење“, „Салон Хармони“, „Грев или шприцер“, „Крик на немиот Индијанец“, „Време, живот“, „Македонија може“, „За трошка среќа“, „Ѕвездите на 42-та“, „Трето доба“, „Случки од животот“ и незаборавната „Бушава азбука“.

Во последно време, тој е актуелен по дуото со продуцентот Александар Митевски, и имаат снимено неколку песни.

Најголем хит им е „Уште ми фалиш“, а според оваа песна се вика и емисијата која се емитуваше на Јутјуб, во која разни познати личности од повеќе сфери раскажуваат свои приказни од детството, од младоста, но и пеат како дел од сценариото.

Дац често пишува интересни статуси на Фејсбук, а таков беше и еден неодамна:

Гледам една женска на клупа во парк и се гледаме како да сме вак цинирани. Јас почнувам муабет… Кои витамини пиеш?

Таа вели срамежливо, највеќе сакам витамин Ц од 1000 и витамин Д 4000 интернационални единици. Јас онака охрабрен и викам, Селен пиеш?

Вели понекогаш од 100тка… И така се шмекаме некое време и јас вадам Аспирин 100тка. Кога го виде се попали и ми вели каде ќе одиме, кај мене или кај тебе? Јас и велам, одиме кај мене вчера озонирав. Се воодушеви, само што не потрча.

Дојдовме до кај мене, легнавме, опнавме по еден Цинк 30ка и онака гледаме во таванот, а она ми вика ептен срамежливо, да не имаш Иве рмек -тин случајно?

Јас и викам како не, со еден аптекар имавме задно лежено во болница и од тогаш сме многу блиски, правиме муабет на еден метар дистанца.

На еден метар! Викна од среќа и ја симна маската, визирот и заштитната облека. Земи ме, викна!

И јас ја земав и ја однесов дома!… Она мене маска ќе ми вади во моја куќа! Додуша и негативен бев, “таму доле”, рече актерот.

Познато е дека Дац е семеен човек и во неколку наврати има споменато колку ја сака својата сопруга Весна. Во една прилика, објавувајќи слика со жена му, тој напиша: Најубавите очи се оние кои те гледаат со љубов, бојата нема врска.

Дац, на оригинален начин ѝ го честиташе роденденот на својата сопруга:

Се сум ти кажал, се знаеш… но, ќе те потсеќам вечно. Среќен роденден убавице моја. Псссст, чувај ги нашите тајни засекогаш.

Денес, по повод осми март, тој ѝ упати романтични зброви на својата Весна:

– Мојот Осми март, мојот роденден и мојата Нова година. Мојот цел живот!“, напиша актерот.

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принстскрин

Претходна статијаПознатата пејачка откри дали би му пеела на Заев за пензионирање
Следна статијаНа времето потпишувавме договори на невидено, ни велеа: Ти сакаш да работиш овде или сакаш да ја фатиш вратата?