Македонци од Австралија и наши портали објавија лага за Борис Трајанов – новинарката Вики Ристоска бара одговорност

0

Во текоот на вчерашниот ден, некои македонски граѓани со потресни статуси на социјалните мрежи се простуваа од познатиот оперски оперски пејач Борис Трајанов.

Ова се случи откако на Фејсбук на некои портали и портали се ширеше лажна вест дека тој се упокоил од последици на вирусот, во една од приватните клиники во Скопје.

Оваа вест ја демантираше оперската пејачка Весна Ѓиновска- Илкова, која е водечки оперски сопран во Македонија, која доцна вечерта се огласи на Фејсбук.

– Ве замолувам сите кои пишувате текстови дека колегата Борис Трајанов не е меѓу нас да се воздржите од коментари.

Последна информација вечерва е дека полека закрепнува“ напиша таа на својот Фејсбук профил.

Многумина го осудија ова ширење на лажните вести , а меѓу нив е и новинарката Вики Ристоска. Таа на Фесјбук објави:

Објавувањето на информација за нечија смр -т е чувствителен податок. Од тие причини, бара исклучителна одговорност.

Семејствата во траг -едии се изложени на емотивна состојба и тага, која мора да биде почитувана.

Дали некој е почи-нат или не, како податок, мора точно да се провери. Не само во време на пандемија, туку секогаш. Во вакви времиња, уште повеќе, затоа што тој податок дополнително може да вознемири и да предизвика силна штета.

Слободата на изразување не значи неодговорност. Со секој искажан збор, секој од нас мора да знае дека предизвикува одредена реакција. Кога се работи за емотивни ситуации, уште повеќе. Ризикот од предизвикување домино ефект е уште поголем.

Тажно е што порталите нанесуваат огромна штета во медиумскиот простор во нашава земја, со објавувањето на лажни информации кои не се проверени согласно професионалните новинарски стандарди, придонесуваат дополнително штета на семејствата и самиот поединец кои се лично засегнати.

Борис Трајанов е жив. Пренесената информација е НЕВИСТИНА која вознемирува, предизвикува емотивна реакција на семејството, кај блиските, колегите и пријателите.

Предизвикува вознемирување кај луѓе, особено во вакви мигови кои постојано сме сведоци на лични трагедии.

Сите кои ја пренеле оваа дезинформација имаат одговорност кон Трајанов, семејството, колегите и сите нас како јавност.

Најтажно е што ефектот кој е предизвикан не може да го спречи ни демантот од страна на колегите.

СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗ НЕ Е АПСОЛУТНО ПРАВО И НЕ ЗНАЧИ НЕОДГОВОРНОСТ. ОСОБЕНО КОГА МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ШТЕТА ОД КАТА СТРОФАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ ПО НЕЧИЈ ЖИВОТ“, напиша Ристоска.

Информацијата за наводна загуба на маестро Трајанов ја пренесе и Фејсбук страницата од Австралија- Vmro-Dpmne Z.k Melbourne2, и тоа во текот на денешниот ден, откако беше демантирана. На страницата стои линк од сајт кој објавил за заминувањето на оперскиот пејач.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаДозволив поради „младото пиле“ Данче да ми се растури фамилија – се каам како никој
Следна статијаПејачката од „Звезде Гранда“ се стопи – скина 70 кила и раскажа како успеала