Кристина Арнаудова и во овие услови не се откажува: Гради куќа за баба Мица и трите внуци

0

Пејачката и хуманитарец Кристина Арнаудова веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ранливите категории, најмногу на децата..

,Проект Куќа, произлезе од проектот ,,Топол дом за сите,, кој моето здружение Проект Среќа го започна во декември 2019 година.

Идејата беше да се реновираат или изградат од ново домови, каде живеат семејства со деца, во многу тешки услови, без основни услови за живот.

Кога го започнавме проектот немавме никаква идеја дека ќе го снимаме. Како што и самите знаете, одбегнуваме да ги снимаме -снимам моите активности.

Во текот на припремата, и барањето спонзори и донатори со големи срца, кои би се вклучиле, и заеднички би изградиле среќа за многу деца, сфативме дека одзивот на компаниите би бил многу поголем кога тие за возврат би добиле реклама за тоа“, рече Кристина кога ја објави емисијата.

Таа потоа објави дека е неизвесно дали „Прокт среќа„ ќе продолжи понатаму да делува, поради кризата што ја донесе пандемијата, но неодамна се огласи со нова опримистична објава.

Е па другари, едно шо научив во животот е дека и кога сите врати пред нос ќе ти ги треснат, продолжи да тропаш, една ќе се отвори….

Упорност и never give up. Така цел живот! „Проект куќа со Кристина“, ќе продолжи да гради среќа за некој месец и пол, а првата сезона ќе почне во септември, на Телма телевизија.

Во една сезона треба да направам 36 домови. 36 да. Како? Немам појма. Just watch me. Потешкиот пат е за мене вистинскиот пат, од кога знам за себе…. полесниот сите знаат.

Ако сакате да помогнете, бујрум! Фалат мајстори!“, објави Кристина неодамна. На овој начин, таа ја најави првата пилот емисија која разбуди голем интерес кај јавноста:

– Драги пријатели, (многу имам трема денес, ко да имам 4 години и да ја водам приредбата у градинка, ете таква трема имам хахахах). Ова пред вас, е пилот емисијата од првата епизода на телевизискиот хуманитарен проект ,,Проект Куќа“.

„Проект Куќа,, произлезе од проектот ,,Топол дом за сите,, кој моето здружение Проект Среќа го започна во декември 2019 година. Идејата беше да се реновираат или изградат од ново домови, каде живеат семејства со деца, во многу тешки услови, без основни услови за живот.

Одзивот на јавноста да се вклучи во овој проект беше речиси непостоечка. Но ние не се откажавме. Знаев дека ова може да профункционира (не со таква динамика како во останатиот дел од светот и со таков ентузијазам, но со голем труд, сепак е можно).

Кога го започнавме проектот немавме никаква идеја дека ќе го снимаме. Како што и самите знаете, одбегнуваме да ги снимаме -снимам моите активности.

Во текот на припремата, и барањето спонзори и донатори со големи срца, кои би се вклучиле, и заеднички би изградиле среќа за многу деца, сфативме дека одзивот на компаниите би бил многу поголем кога тие за возврат би добиле реклама за тоа.

Си рековме, ако тоа значи дека на тој начин ќе изградиме многу поголем број домови, тогаш во ред, се сложувам да снимам емисија.

Со помош на пријатели, волонтери, добри луѓе, општествено одговорни компании, ја снимивме оваа прва пилот емисија, односно првата куќа која ја направивме.

Во оваа куќа живеат Ајнур Симоновски, самохран татко на 5 дечиња. Како изгледаше домот пред и потоа, ќе можете да видите и самите.

Нивната животна приказна е тажна и тешка, но ние сме овде да зборуваме за среќата, и да им помогнеме да ја најдат среќата во себе и околу себе, и покрај се“.

Вчера таа излезе со нова објава и го најави почетокот на проектот- снимањата.

– Драги пријатели, Проект Куќа со Кристина започна со работа! Моментално сме во Карпош 1 каде градиме дом за Баба Мица и нејзините три внуци за кои таа сама се грижи….

За жал имаме недостаток на донации, немаме се уште санитарии, немаме доволно мебел, бела техника…. Затоа отворете ги вашите срца и вклучете се, за заедно да изградиме среќа и топол дом за стотици деца“, апелираше Кристина на социјалните мрежи.

Фото: Јутјуб принтскрин

Претходна статијаГоран: Време е на оние кои беа одговорни да им се дозволи да живеат нормално – не може да бидат во ист кош со неодговорните
Следна статијаБаже Маротов раскажа како Драган Вучиќ му помогнал во животот