Анастасија објави слика од гламурозниот појадок во купачи и си постави прашање

0

Анастасија Ражњатовиќ е секогаш многу актуелна во јавноста, и поради тоа што го носи товарот на славата на својата мајка Цеца, и поради нејзината музика, а и имиџ и стил на живот.

Таа неодамна зборуваше на многу теми поврзани со својот приватен живот, а зборуваше и за својата мајка.

– Во љубовта себеси би се дефинирала како искрена, посветена, верна и романтична личност.

Исто така точно знам што сакам и не се согласувам на никакви компромиси, кои би ме воделе да се откажам од себе и да ја менувам својата суштина.

Имам среќа што го најдов тоа што го барав. До мене имам момче, кое што е остварување на мојот идеал за маж.

Интелигентен, сталожен, чесен, духовит и умее прекрасно да сака“, рече таа. Во интервјуто, таа зборуваше и за својата мајка.

– Мајка ми е нестварно силна жена. Способна е да го спаси семејството кога е најтешко. Способна е да го одржи сето тоа со неверојатна сила и оптимизам.

Солзите на мајка ми се многу скапи и малкумина можеа да ги видат. Не се сомневам дека во текот на својот живот таа научила да плаче во себе, бидејќи во денешниот свет солзите се сметаат за слабост“, реча Анастасија во Женски магазин.

Таа знае да сподели мудри мисли на Инстаграм, но и да им одговори на своите обожаватели на прашањата кои ги интересираат. Во една прилика, таа одговори:

– Настојувам да не им посветувам внимание. Не ми е лесно секогаш. Некои луѓе умеат мошне сочно да ме навредат а никогаш ме немаат видено во живо.

Притисокот е огромен. Мене ми е важно јас да сум добра со самата себе и во својата глава, да бидам искрена кон себе и да ја знам вистината.

Не сум личност што тежнее да се самосожалува кога ќе згреши, стојам зад своите грешки и веднаш настојувам да ги коригирам и да поработам на своите маани.

Како што знаете, времето е најдобар показател и секого става на своето место, по заслуга, напиша Анастасија.

Анастасија Ражнатовиќ одлучи да ја замени зимата во Србија со лето, и затоа ги спакува куферите и отиде далеку!

Оваа музичка ѕвезда се упати кон Малдивите, од каде им се пријави на своите следбеници преку сторија на Инстаграм.

Таа покажа во каков луксуз ќе ужива во наредните денови. Судејќи според нејзините најави, Анастасија дефинитивно знае како да ужива.

Анастасија утрово сподели фотографии од појадокот кој се служи покрај покрај базен, а погледот на океанот е величенствен.

Потоа, објави и стори во костим за капење, но и прекрасен пејсаж на кој напиша: Дали јас сум во рајот?

И сликите по туширање со кои се пофали на Инста не ги оставија рамнодушни нејзините фанови.

Познатата пејачка се уште не откри со кого ги споделува овие убавини.

Фото: Инстаграм принстскрин

Претходна статијаСиливе ми се на крај, многу месеци се борам: Најпопуларниот јутјубер во Македонија прозборе за својата мака
Следна статијаАлачки емотивно кон својот пријател: Драг Џоле, ако постои нешто најдобро на свет, тогаш тоа си ти