Неуморното музичко дуо, Александар Митевски – Драган Спасов- Дац, секогаш наоѓаат начин како да ги развеселат луѓето во време на пандемијата.
Митевски и Дац во една прилика изјавија дека дружбата, истите ставови кон нештата, но и различностите во сфаќањата на музиката биле пресудни да станат музички дует.
„Јас од гледна точка на актер а Александар на музичар“, рече Дац за публицитет.мк. Спонтаноста. Некогаш најубавите работи излегуваат од она што не го планираш.
После една заедничка свирка, веќе се исцрта таа наша музичка патека по која ќе одиме. Дац го дава оној актерски, поетски , кабаретски шмек во нашите настапи а јас се грижам секоја нумера да ни е автентична и хитовска“.
Сега се актуелни со проектот „Љубовен пасош“, во кој пеат познати љубовни песни од целиот Балкан, а неодамна снимија своја верзија на народната песна „Јовано Јованке“, заедно со „Дестини квартет“ од Бугарија.
Александар Митевски на нивната Фејсбук страница напиша потсетување на една своја постара песна која ја испеа Тоше Проески и уште неколку негови колеги, а песната има многу силна порака, како и објавата на Митевски.
– Ова е приказна за една песна, помалку запоставена или заборавена, која се направи во 2005 година за потребите на хуманитарната кампања “Сите сме нивни деца” за обнова на домовите за стари лица.
Пееја Тоше, Тамара, Дарио, Биба, Маја, Бени, Кристина и јас.
Ми припадна честа да напишам балада, песна која ќе ја пееме сите заедно. Седнав на клавир, во моето тогашно студио во Лисиче и зборовите и нотите сами течеа.
Сакав да има моќни пораки, да има големи зборови и да ги допре срцата на сите.
Тоше прв дојде во студио, ги отпеа неговите делови. Ангелски, емотивно, вонсериски.. Се надоврзаа сите по ред, во нивни стил и го извадија најдоброто од себе, а јас се трудев секому да му го најдам вистинското парче.
Бев сигурен дека е ова таа балада која го допира срцето и после 16 години, како денес.
Денес е време на пандемија. Депр -есија. Исплашени и затворени луѓе. Баби и дедовци со внучиња кои не ги виделе и гушнале.
Скриена та-га, свиена болк-а. Секој собира во себе и се труди да го помине денот. А највеќе на удар и најранливи се токму – СТАРИТЕ ЛИЦА.
Обидете се сега од оваа перспектива, да затворите очи и да ја преслушате повторно песната и да помислите денес на старите лица. Вашите мајки, баби, дедовци, татковци, чичковски, тетки, луѓе во поодминати години.
Дали се тоа истите ангели кои треба и денес да ги штитат? Дали постои такво нешто? И кој треба да ги штити од оваа вешт -ерка која лета околу планетата?
Би апелирал и би пратил порака до младите, оние за кои се вели дека лесно го поминуваат и го шират вирусот – да бидат одговорни, да размислат на своето однесување кое може да донесе з ло за нивните родители, баби и дедовци.
Затоа што СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА. Чувајте се!“, порача Александар Митевски.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин