Алачки емотивно кон својот пријател: Драг Џоле, ако постои нешто најдобро на свет, тогаш тоа си ти

0

Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.

Надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.

Пред неколку месеци, Блгагоја прослави роденден, а Адријана на оригинален начин му честиташе на својот син.

-Синко, кога беше мал беше едноставно да ги искажам желбите за тебе и остварам. Но на возраста на која си сега желбите од мајката се непроменливи, но се е во твоите раце за нивната реализација.

Одговорно и храбро пред себе, само ти можеш да ги исполниш и да стоиш цврсто пред твоите планови и одлуки. Се зависи од тебе. Биди ми здрав и жив, напиша Адријана.

Минатата година, Адријана имаше друга причина за славење. Нејзиниот син се сврши со својата сакана, и изгледа дека наскоро ќе им игра на свадба. Алачки објави слика од запросувањето на синот и напиша:

„Моменти за кои живееме, кои ни даваат смисол на животот…ерупција од емоции…како што доликува со сите нишани.

Да им е вечна љубовта, да имаат убав збор еден за друг, семејството да им биде столбот, слогата да им е секојдневие.да бидат добар пример на своето поколение, како огледало да се огледуваат во нив“, напиша Алачки.

„Граци сине, ти си мојата причина за среќа и за постоење. Ти си мојот најголем успех. Доаѓам во состојба, од она тоа што си ТИ денес: човек, мајка, сопруга, реализирана професионално, да учам јас од тебе сине.

Си ги препознавам моите успеси и грешки следејќи те тебе како мајка, како жена, со сите вредности.

Можам да кажам со еден збор, ти благодарам ќерко моја што со крената глава одам секаде. Ти си мојот образ и чистина.

Да си ми здрава и жива и биди среќна бескрајно со твојот пород и семејство. Среќен роденден душа мајкина“, објави Адријана за роденденот на ќерката Грациела.

Јана, сонцето бабино. Среќно дете на Грациела и на Игор Димовски. Тоа со зборови не се искажува. Прекрасни и грижливи родители, секоја чест. Ја гледам недоволно колку што сакам и колку што имам потреба.

За мене е најубавиот момент кога Јана ќе дојде кај баба и кај вујче на гости. Целото внимание е кон неа, рефреш состојба“, изјави пејачката и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ во интервју за Женски магазин.

Минатиот месец, внуката на Алачки, Јана наполни шест години и Адријана сподели спомени на Фејсбук од славењето пред две години, со кои ѝ го честита роденденот на внуката. „Среќен да ти е , сонце мое“, напиша таа.

Адрријана денеска имаше уште многу емотивна објава на Фејсбук, на која честиташе роденден на уште една своја драга личност.

– Драг Џоле, ако постои нешто најдобро на свет, тогаш тоа си ти, се е ,, нај,, кај тебе, човек, другар, пријател, татко, дедо, колега..

Господине ,, Нај” нека ти е среќен роденденот. Воли те твоја другарица и обечавам да те нечу нервирати више“, напиша Адријана за својто пријател.

Фото: Фејсбук принсткрин

Претходна статијаАнастасија објави слика од гламурозниот појадок во купачи и си постави прашање
Следна статија(ВИДЕО) Спасе најави свадба во август, Лила потврди дека ќе рече ДА