Стојне сподели објава, па предизвика низа коментари

Фолк пејачката Стојне Николова минатата година ја сними песната „Песна за Колешино“ која беше одлично прифатена од јавноста.

Стојне вели дека убави и позитивни коментари се уште пристигнуваат за песната и спотот.

Стојне Николова во неодамнешно интервју за ИН ТВ ги раскажа импресиите од снимањето на спотот за песната посветена на струмичкото село. Таа вели дека е презадоволна од целиот проект и од коментарите на јавноста кои што ги добила за песната.

-Јас сум презадоволна. Најпрво целиот тој проект е работен со многу љубов, јас потекнувам од Струмица и тоа е едно преубаво село во мојот роден крај.

-Песната и целиот тој проект испадна супер, имаме убави реакции од фановите и од сите мештани на село Колешино и сите иселеници оттаму“, истакна Стојне.

Стојне минатиот месец гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и раскажа интересни нешта.

Зборуваше за тоа колку родната Струмица ѝ недостасувала во памдемијата. Кога имаше 18 години, по чина таткото на Стојне, а таа оваа загуба тешко ја прифати.

– Јас ги имам најдобрите браќа на цел свет, јас не можам без нив и тие не можат без мене и секојдневно се слушаме. Имав тежок период во мојот живот, кога изгубив родител, па дополнително се случи поврзаност меѓу мене и моето семејство.

Ми беше тешко да се одделам од нив. Но имам и пријатели кои ми се како семејство. Мојот менаџер Бобан и неговата сестра Билјана, ми беа поддршка.

Стојне го искоментира делот кога почнала да пее, а тоа започна кога била многу млада, се уште малолетна.

– Започнав да пеам на 15 години. За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и зато ми било лесно, како подмачкано. Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, боидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне.

– Се уште не сум го дала својот максимум, затоа што сум многу срамежлива, јас сум девица во хороскоп“, додаде Стојне.

Неодамна, на Фејсбук таа сподели објава која предизивика многу негативни коментари: Стоп за носење маска на отворено!

пишува на сликата која таа ја сподели. Потоа почнаа да кoментираат нејзините следбеници на Фејсбук, а настана и кавга:

-Да има добри правосудни органи, сите кои објавувате ваква глупост, и сите вие кои го споделувате тоа, во најмала рака заслужувате парична ка-зна, ако не и кри-вична одговорност“, вели еден коментар.

– Во кафана еден до друг на пола метар без маска, а сам на отворено да пешачам со маска, така ли“, вели друг.

– А бе ти најдобро во наредни пет години да се преселиш во подрум и ич да не изгледуваш и така ќе бидеш здрав и сигурен“, одговара друг.

-A, кај е совеста, во ординација влегуваат со маска под брада, срамота, а камо ли надвор. Многу ниско ниво“, вели трет.

На целата оваа дискусија која се разви на нејзиниот профил со повеќе од 50 коментари, Стојне не даде никаков одговор.