Групата на фејсбук „Ковид 19 искуства и совети“, минатата година беше прогласена за најкорисна група во која граѓаните се информираат околу пандемискиот вирус. Разменуваат сопствени искуства, но и добиваат стручни совети.
Наши еминентни професори и доктори, кои на почетокот беа тагирани и замолувани да одговорат на прашања и дилеми, сега на дневна основа со задоволство им толкуваат резултати и им разрешуваат многу дилеми на пациенти кои се соочуваат со вирусот.
Поддршката за медицинскиот персонал во овие услови е многу важна. Таа им дава мотив на нашите доктори, сестри и останат персонал, да издржат во нивните секојдневни активности на клиниките и ковид центрите.
Токму една ваква јавна благодарност кон познатата д-р Жаклина Шопова од скопската Инфективна клиника, одлучивме да ја споделиме со вас. Зоран Лазаревски напиша:
„Би сакал јавно да им се заблагодарам на прим. Д-р Жаклина Шопова, нејзиниот тим и целокупниот медицински персонал од третиот кат на Инфективната клиника -Скопје, за нивната професионалност, несекојдневна посветеност и пожртвуваност кон пациентите.
Сакам да ја потенцирам нивната пожртвуваност, бидејки да се работи 12 саати во смена под скафандери со маски на лицето кои се “бандажирани” дополнително со фластери, со сатурација која верувам дека е пониска од онаа на пациентите.
И ако на сето тоа ја додадеме нивната грижа за тешките пациенти кои се сместени таму, тогаш пожртвуваноста е навистина незамислива. Вистински “дреам теам”.
Особено би сакал да ја потенцирам несебичната поддршка и стручни совети кои ги добивам од страна на др. Шопова во текот на мојата постболничка рехабилитација.
Ви благодарам што ми го спасивте животот и ви посакувам сè најубаво во животот, а пред сè добро здравје. Со почит, Зоран Лазаревски од соба 322.“
Д-р Шопова и покрај своите обврски, најде време и се заблагодари на убавите зборови од пациентот:
„Јас пред се сакам да се заблагодарам јавно на г-динот Зоран Лазаревски за прекрасните зборови кои многу ни значат на сите нас кои сме во битката со КОВИД, особено кога ќе заврши среќно секоја битка, со заеднички сили и ние како тим и Вие како пациенти…
Но морам и јавно да напоменам дека и секоја загубена битка остава големи траги кај сите нас , не само на семејствата кои ги изгубиле своите најмили. И доброто и лошото ни дава стимул да бидеме повеќе посветени и професионални, како и секогаш кон сите пациенти.
Не сум во можност секогаш да следам се на ф.б. и да давам совети, и за овој пост сега ме информирсше моја пациентка, наш здравствен работник.
Уште еднаш Ви благодарам на убавите зборови…а ние продолжуваме понатаму, сите заедно и медицинскиот тим и пациентите да го победиме ова з ло. Со почит, Др.Ж.Шопова.“