Ѝ земал 1.000 денари од новчаник, пробал да извади пари од банкомат: Семејна незгода на познатата пејачка

0

Андријана Јаневска, една од нашите најдобри пејачки, успешен виолинист, професор, мајка и сопруга, според она што го објавува на социјалните мрежи е многу праводуљубива и чесна личност.

Андријана денес објави статус во кој зборува за еден немил настан, за нејзината сверкрва која живее со неа, која ја огра биле во Скопје. Андријана јавно го објави својот телефон на Фејсбук, со цел да ѝ помогне на својата свекрва.

– Денес нешто пред 10 часот на мојата 82 годишна свекрва Радмила Гиновска и’ го снемува паричникот во KAM MARKET Буњаковец.

Веднаш се јавив во Стопанска банка да ја блокираат картичката, но сепак, би било најдобро доколку некој од вработените во Кам маркет Буњаковец или некој чесен граѓанин го пронајде паричникот да ме исконтактира во порака или на телефон: 075460704.

Се надевам дека има камери и дека функционираат. Свекрва ми била облечена во виолетова јакна, а паричникот бил ставен во црна платнена торбичка. Секој совет е добредојден.

Јавување во полиција не е некоја опција бидејќи лани кога на татко ми му го украдоа паричникот во ЈСП, и покрај сите документи кои ни ги побараа, ништо не се направи и човекот си остана без две пензии. Ви благодарам на сите“, напиша Андријана.

Денеска, овој случај има нова разврска, на среќа во корист на свекрвата на Андријана. Таа детално објасни што се случило во нов Фејсбук статус.

– Сè уште постојат чесни и добри луѓе. Еден од нив е Христо Христов кој го пронашол паричникот на свекрва ми и го однел во Стопанска Банка. Од срце Ви благодарам за Вашата добрина, како и на продавачката во бутик Бела во ТЦ Буњаковец која го известила Христо.

Благодарност и до KAM MARKET кои направија сè во нивна надлежност. Паричникот и’ бил укр аден непосредно откако излегла од маркетот. Свекрва ми има 82 години и иако е витална, не почувствувала кога и бил украден.

Кра децот земал 1000 денари во кеш (толку имала), пробал да извади пари од банкомат, но за среќа картичката ја блокиравме уште веднаш бидејќи свекрва ми ми се јави во рок од 5 минути.

Забележала дека нема паричник кога сакала да се качи во автобус. За среќа, крад ецот не можел ништо да земе освен тие 1000 денари, па го фрлил паричникот.

Уште еднаш голема благодарност до Христо и до сите кои дадовте совети и помогнавте“, напиша Андријана на Фејсбук.

Фото: Фејсуб на Андријана Јаневска

Претходна статијаЗаев со нов имиџ на прес конференцијата за Мијалков
Следна статијаМери Јордановска: Дека е пазар – се гледа од небо