Угостителите со план како да се одржуваат свадби: Музиката на 5 метри од првата маса

0

Скоро цела една година, младите двојки ги одложуваат своите прослави, на еден од најважните денови во нивните животи, поради мерките кои се спроведуваат како заштита од актуелната пандемија.

Фото: Пексел

Имено, на сила е забраната за групирање, поради што масовните веселби со гости не се дозволени. Па така, оние кои се одлучуваат да стапат во брак, тоа го прават со регистрација во матично, или во некој ресторан со најблиските роднини, сведоците и родителите.

Фото: Пексел

Сепак, минатото лето имаше повеќе случаи на организирање свадби и покрај забраните, за што, оние кои беа фатени, беа и санкционирани, како угостителите, така и организаторите на веселбите.

Фото: Пексел

Треба да се напомене, дека после ваквите веселби, речиси без исклучок се создаваа кластери од вирусот, кои придонесоа и за непосакувани исходи по многу членови на семејствата, особено постарите.

Фото: Пексел

Токму угостителите, кои покрај музичарите и компаниите кои организираат веселби, се најзасегнати со актуелната ситуација и во неколку наврати организираа протести на кои побараа средби со властите за надминување на овој проблем.

Фото: Пексел

Ним во неколку наврати им се излезе во пресрет и беше продолжувано работното време, но поради неодговорноста на некои угостители, кои организираа мини-концерти во своите локали со гости, пејачи од Србија и многу публика, здравствените власти мораа да реагираат.

Угостителите организираат нов протест, на кој ќе му се приклучат и останати лица од свадбарската индустрија, како музичари, фотографи, сопственици на цвеќари и салони за венчаници и декорирање.

Фото: Пексел

Ќе започне денес од 14 часот. Тие ќе ја блокираат раскрсницата на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда од 14 до 17 часот.

Фото: Пексел

Бараат итно укинување на забраната за секаков вид на настани во отворен и затворен дел од угостителските објекти, односно бараат државата да донесе протоколи со кои ќе можат да се прават свадби, крштевки, родендени… Најавени се протести и на 22-ри и 23-ти февруари.

Фото: Пексел

И музичарите ја даваат својата поддршка на Туристичко – угостителската комора. Велат дека речиси цела година едвај врзуваат крај со крај и сакаат чесно да работат и заработуваат.

Фото: Пексел

Нема да има традиционална македонска свадба. Јасно им е и на младоженците. Да ни се дадат ригорозни протоколи според кои ќе работиме. Од шест до осум гости да седат на иста маса, тоа ќе бидат луѓе од иста фамилија.

Фото: Пексел

Наше лице ќе ги смести на маса, ќе бидат со маски, единствено ќе ги симнуваат маските кога ќе вечераат или одат до тоалет.

Фото: Пексел

Бендот ќе свири на пет метри од првата маса, ќе има средства за дезинфекција на секоја маса- ова се протоколите за организирање на свадби и семејни веселби кои ги побара од Владата угостителот Перица Голомеиќ, еден од организаторите на протестот, во разговор за ТВ21.

Фото: Пексел

Сепак, околу предложените протоколи, сватовите или гостите на веселбите да седат со маски и да ги симнуваат само додека вечераат, да не стануваат и играат, да немаат близок контакт, околу тоа, како тоа би било изводливо, немаат прецизен одговор.

Фото: Пексел

Актуелни се предлозите да има лица во угостителските објекти кои ќе бидат задолжени за спроведување на гостите до масите, но неизвесно е дали и колку овие лица би можеле да одржуваат контрола над гостите, кои првенствено доаѓаат на веселби за да се расположат, па и да заиграат.

Фото: Пексел

Фото: Илустрација

Претходна статијаКаква е поврзаноста на Парис Хилтон и Александар Маленко
Следна статијаАко одам сега, посадете ми Рузмарин – замина големиот Балашевиќ