Тамара откри од што најмногу се срами во животот, кого не поднесува од колегите, а прозборе и за химната

0

Тамара Тодевска, една од нашите најпопуларни пејачки, која на Евровизија во Израел во 2019 година го освои седмото место со песната Proud, гостуваше во Јутјуб емисијата Жешко столче со Никола.

– Биди благ те молам, стара сум веќе не можам да поднесам“, го замоли Тамара водителот на почетокот од емисијата, и го замоли да не ѝ поставува многу провокативни прашања.

Тамара најави дека во моментов во студиото на Лазар Цветковски снима нова песна со модерен звук што мириса на нејзинот стил.

Тамара откри дека е многу талентирана за сликарство, и како мала имала добиено награди на натпревари по цртање, па се пошегува на нејзина сметка: „Сигурно сум била втора“.

Раскажа и дека имала свои изложби, и сега на своите деца сака да им пренесе љубовта кон цртањето.

Потоа муабетот ги наведе на еден од најголемите нејзини хитови, можеби и најголемот „Тажна љубов, среќна песна“.

„Велат дека хитовите се прават еднаш во десет години. „Тажна љубов, среќна песна“ беше во 2014, и имав уште некое време да стигнам до уште некој таков хит. Жал ми е што не направив спот, не знам што размислував тогаш.

Не дека не ми е омилена, предосадна ми е. Не можам да ја слушам. Ја имам препеано и ми е дојдена преку глава, ама далеку од тоа дека јас не ја сакам.

Сите мои песни си ги сакам, но дали дека ми е преслушана, кога ќе ми кажат за „Тажна љубов“, превртувам со очи, и викам- аман више со таа песна“, изјави пејачката.

Потоа, водителот ја праша: Дали ти прости народот откако ја истетовира химната. На ова, Тамара му одговори:

„Не беше тоа поентата воопшто, да ми простуваат, едноставно, едно сабајле се разбудив, му се јавив на Горан Мичиќ и му реков: Сакам да ја истетовирам химната. Он ми рече: Ма, дали си ти нормална.

Му реков: Имам желба да си го запошам тоа на телото и да ме потсеќа на еден период од мојот живот којшто ми беше доста тежок и ми остави некоја рана на срцето“, рече Тамара и повтори дека не ѝ била намерата некој да ѝ прости, но ѝ е драго ако имало такви коментари.

– Имаме ли вистинска естрада, и постои ли некој што баш онака не го можеш“, беше следното прашање на Никола до Тамара, а таа му даде сосема директен одговор.

– Постои. Треба да го кажам? Нема потреба. Но, има луѓе што не можам да ги гледам. И тоа од скоро време. Оваа коронава не поремети сите. Расговорот продолжи за бракот на Тамара со Александар Мачка, поранешен кошаркар.

– Велат дека кој брза се кае натенане. Ти релативно влезе во брак по кратка врска. „Аха, ко се уда на брзака, каје се натенане“, ја повтори Тамара оваа поговорка на српски јазик. А дали важи тоа и за мене? Не, таман работа не се каам. За што да се каам?

Па, имам две најпрекрасни деца на свет. Реализира сум како сопруга, како мајка, како партнер, за што да се каам, среќна сум, убаво ми е“, рече Тамара и се пофали дека е домаќинка за пример и многу сака да готви.

– Ако заглавиш во град до пет сабајле, децата сами се чуваат дома“, ја праша водителот, по што Тамара одгвори дека татко им ги чува. Многу ретко излегуваме двајцата, да мора некој друг да ги чува децата.

И многу ретко се децата на две различни места, за да можеме двајцата да излеземе“, рече пејачката. И за крај, Тамара откри од што најмногу се срами.

– Фризурата на евровизија 2008. Тоа беше една таква катастрофа, и пота излезе наслов во македонски медиуми дека личев на сицилијанска вдо вица.

Имав еден фустан кој што беше одличен, ама таа фризура така тотално не се уклопи во тој стајлинг, и бојата и се“, откри Тамара за својот најголем срам во животот.

Фото: Јутјуб принсткрин, Инстаграм Тамара Тодевска

Претходна статијаПопуларната водителка поради која мажите се препотуваат, проговори за приватниот живот
Следна статијаНаташа: Правев сè за да го спасам бракот, но тој не сакаше да се промени – на крај тргнав со друг