Таа ме држи жива што и да се случи: Миа емотивно за Тијана

0

Водителката и инфлуенсерка Миа Костова и нејзината пријателка Тијана Скулиќ, многу често знаат да ги насмеат до солзи фановите.

Тие ги имитрираат „градските“ скопски фаци, кога во жаргон ги прераскажуваат секојдневните „дешавки“.

Во октомври минатата година, Миа објави дека е позитивна на вирусот, а подоцна откако излезе од изолација, го сподели своето искуство со следбениците на Инстаграм.

– Ќе си дадам за право можеби дека го лежев. Вирусот постои. Вирусот е опасен за хронично болни и стари. Но! Знаете ли вие која е процедурата кога ќе добиеш позитивен тест?

Па никој нит те гледа нит те слуша нит го занима. Матичен ти збори на телефон и ако некој е подучен да каже дека нема симптоми за да не лежи 20 дена, матичниот верува.

Знаете ли дека не се прима терапија за ков ид ако немате симптоми, е, јас сум да се прима во секој случај.

Зошто? Затоа што нели не знаеме како и колку сме спремни во моментот да се браниме.

Од сите заболени во моја околина па дали 2-3 добија терапија затоа што имаат доктори блиски.

Да не навлагам во тоа дека прост народ се мачка со ракија и дреме дома не се ни тестира пошо кој ќе работи 20 дена, дома нема седење!

Е после сето ова се стига на ургентен со сатурација 70 такоречи мр-тви па после се прави па ника па почињаме да бараме и психијатри и со терапијата пиеме и хелекс. Мозок укључете. Не е тешко покрај мерките.“, изјави водителката тогаш.

Миа секогаш пишува искрено за она што ја опкружува, и најемотивни зборови знае да упати на нејзините блиски. Еден таков статус, таа напиша неодамна за нејзината пријателка Илина.

– Не е прва слика на која кажувам која ми е. Не е прв пат да ја спомнам кога ми е лошо и предобро.

Не е еднаш да сум си потврдила колку е битно да имаш еден ваков човек што си го одбрала сама и тој те одбрал тебе. Дали знам дека никогаш нема да не раздели никој?

Знам. Дали знам дека сто пати сме биле лути една на друга и не сме зборувале со месеци? Знам.

Дали сѐ тоа поминало како да не било? Да. Дали сме повеќе од сестри цели 20 години? Сме.

Дали ви треба Илина во животот? Секогаш. Без неа многу нешта би биле поинакви или полоши. Покрај сѐ и го должам Андрија.

Знаете зошто. И и должам живот за сите 20 години наназад. Кога ја боли ме боли, и тогаш се караме. Ама тука сме. Засекогаш“, напиша Миа.

Сепак, таа, иако кратко, со сосема малку зборови објасни колку ѝ значи и колку ѝ е важна нејзината пријателка Тијана.

– За мојата една, таа една што ме држи жива што и да се случи“, напиша Миа.

Фото: Инстаграм принскрин

Претходна статијаЕлена Велевска без панталони снима на луксузна локација (ФОТО)
Следна статијаАндреј Ковачев со поддршка за Љубчо: Пред да го распнете, слушнете ја мудроста на Георгиевски