Познатиот пејач смени професија и се фати за лопата (ФОТО)

0

Адриан Гаџа започна со пеење во 2001 година на албанскиот музички фестивал Nota Fest. Таму, тој ја освои првата награда, каде за прв пат дебитант освојува прва награда од жирито и публиката.

За кратко време, Адријан стана популарен пејач во Македонија, Албанија и Косово. До денес има снимено четири албуми, три на албански и еден на македонски јазик.

Гаџа ја претставуваше Македонија на Евровизија, во 2008 година, во трио со Тамара Тодевска и Раде Врчаковски – Врчак. Таа Евровизија се одржа во Белград.

Неговите настапи најчесто вклучуваат танцувачки вештини во кореографијата. Исто така, има учествувано и на фестивали како Videofest во Приштина, Макфест во Штип, и ја освои првата награда на Охрид Фест.

Во 2006, заврши втор на скопскиот фестивал за песна на Евровизија со песната Љубов е, заедно со Есма Реџепова.

Во интервју за 1ТВ, Гаџа зборуваше за својот љубовен живот. „Веќе една година сум во врска. Таа не е јавна личност, не е пејачка, не е од естрадата“, раскажа Гаџа.

„Порано, ми беше важно да сум со многу девојки, кога бевме помлади мислевме само како да сме главни во некој клуб на сепаре“, додаде Гаџа.

Тој раскажа дека последниве години, тој е активен на албанската и на косовската естрада, која е многу поголема од македонската и бара поголем ангажман и посветеност.

На прашањето дали наскоро ќе запее нешто и за домашната публика тој одговори дека никогаш не се знае.

Гаџа по долго време беше на телевизија „Сител“ минатото лето, како гостин на Лила стојановска во Утринската програма, во рубриката „Утрински приказни со Лила“. Таму зборуваше за својот нов бизнис, ресторанот „Ча ча“ во Скопје.

– Обично станувам во 6.30- 7. Едно година дена пауза направив од музика,а ми дојде малку напорно со ресторанот. Уште од првиот ден кога почнав, самиот го имам изградено, и сум вложил огромен труд тука.

И сакав да се фокусирам, да направам добар локал, да создадам добар производ“, ѝ рече Гаџана Лила. Потоа, тој ѝ ја покажа маслинката која ја чува во локалот, и рече дека е од Италија и е стара 300- 400 години.

„Ова работа е многу слична со музиката. Кујната е уметност. Треба да знаеш како да го изведеш тоа, како да го искомбинираш. Тоа е исто со музиката“, рече Гаџа кој изјави дека дома чува три кучиња и една мачка.

Гаџа откако паузира со музиката и стана угостител, прави и други работи. Тој на Фејсбук објави слика како го чисти снегот со лопата и напиша: Утринско вежбање.

Фото: Фејсбук на Адриан Гаџа, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаМиа Костова во топла прегратка на непозната личност: Да се сакаме, од денес и во иднина
Следна статијаПознатиот музичар од „Гранд“ ослабе 32 килограми и сега внимава на секој залак