Откако падна на мразот, Ранко Бубамара порачува: Кој ќе преживее, ќе раскажува

0

Изминатиот викенд кај нас падна првиот пообилен снег и веднаш се случија проблеми за граѓаните поради нерасчистени улици. Проблемот е дотолку поголем, што поради ниските температури, доаѓа до подмрзнување на коловозот.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, информираше дека општинските служби се погрижиле да ги превенираат проблемите од снегот во повисоките зони:

„Зимската служба од рано утринава распрскува емулзиона течност, за да не заледи коловозот по повисоките места во Карпош: Бардовци, Жданец, Трнодол, долж „Ловќенска” во Козле, но и во Влае (удолницата меѓу „П.Одреди” и „П.Чаулев”).

Општината ги презема сите активности за правилно справување со снегот. Покрај набавката на сол, организирани се и дежурни комунални служби, кои во случај на снег ќе ги чистат пофреквентните зони. Во комуникација сме со УХМР и во Скопје се очекува снежна покривка од 10 сантиметри.“

Но во реалноста, очигледно дека емулзијата не профункционирала. Бројни беа коментарите на неговиот статус на кој граѓани од повеќе улици праќаат фотографии на кои се гледа дека се речиси непроодни.

Сопственикот на радиото и продукцијата „Буба Мара“, Ранко Петровиќ, на својот профил, но и на статусот на градоначалникот на неговата страна на социјалните мрежи, информираше и за немил настан, судар на повеќе возила кои се излизгале но и за негов пад на коловозот:

„Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи на градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев, кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија , за вечерва да станат опасна ледена лизгалица иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира.

Вечерва до 19 часот околу 5 возила се пролизгаа и чукнаа, јас и неколку комшии , го слушнавме ударот, веднаш го затворивме горниот приод на низгорницата, по некое време видовме дека некој повозрасни комшии, тешко се качуваат нагоре пешки, со чести паѓања , пробавме да дојдеме до нив ,но за жал и јас опасно паднав на глава ( како на цртан филм).

Не се сеќавам баш на се, но знам дека по некое време со пузење стигнаа неколку комшии ( Бошко , Дарко итн), лесно ме освестиле, дојдоа и други , не се сеќавам некој беа со маска, некој без маска( да се надеваме дека не си споделивме корона) и некако ме станаа и донесоа дома.

Сега за сега сум добро , само со укочен врат и желба за промена на наспособниот градоначалник на кој му порачувам да дојде лично со неговите родители и да влезе во неговиот личен автомобил и да се симне со кола по оваа негова прскана низгорница , а ако може, нека проба после и пешки.

За крај да се молиме, деновиве да нема потреба од брза помош или против пожарно возило, другото само ќе си дојде“, напипша Петровиќ во статусот кој беше најсподелуван минатата недела.

Познато е дека оваа година повторно ќе се одржи познатата манифестација „Златна Бубамара на популарноста“, која Ранко ја нарече пандемска.

Популарното шоу ќе се одржи онлајн. Очигледно е дека и покрај повредата на вратот Ранко Петровиќ има елан и волја да ја подготвува Бубамарата.

Тој на Фејсбук сподели спомен од тоа како Златна Бубамара се подготвувала во 2017 година. Вака беше пред 4 години. Наскоро ќе го преставиме постерот за новата пандемиска 24 Златна Бубамара – Кој ќе преживее, ќе раскажува“, напиша Ранко.

Фото: Фејсбук профил на Ранко Петровиќ, Јутјуб принскрин

Претходна статијаЗборуваа дека е во врска со познат светски политичар: Неда Украден ја кажа вистината
Следна статијаЃорѓи Спасов: За жал, Левица е во право