Пистелката Марија, сестрата на Лозано раскажа за својата животна борба

0

Обожавателите на Влатко Лозаноски – Лозано знаат сè за неговата успешна музичка кариера која трае веќе 11 години. За љубовниот живот на Лозано помалку се знае, а она што е познато е дека е од Кичево и е голем вљубеник во фудбалот.

Влатко има сестра која е исто така успешна во својата професија. Сестрата на Влатко се вика Марија и е писателка и уметник која израбптува рачен накит и тоа доста успешно.

На својот Инстаграм, Марија објави и интересен, мотивирачки статус во кој таа кажува како станала модел. „Ова е еден од најхрабрите моменти кои ги имам направено во животот.

Цел живот сум се борела со вишокот килограми и ни на крај памет немаше да ми текне дека токму тие ќе ме направат модел. Ова се неколку од официјалните фотографии на брендот за новата колекција на пижами со поголеми броеви.“ напиша Марија Лозано.

Таа чeсто објавува инспиративни статуси кои се интересни и мотивирачки за нејзините следбеници. Неодамна, таа на овој начин порача дека треба де се сакаме себеси.

Никој нема да те сака како тебе. Никој нема да те уништи како ти самиот. Никој нема да те утеши како што ти можеш. Никој нема да те мотивира како ти. Никој нема да те излекува освен ти. Никој нема да те сака без разлика на сè освен ти.

Луѓето си заминуваат. Луѓето отсакуваат. Луѓето се премислуваат. Сите сме сами во своите кошмари. И само ние ги гледаме колку сликовито и да ги прераскажуваме. Биди си сè.

Како за почеток на декември, писателката сподели една многу емотивна и интимна приказна: “Камо сите месеци да започнуваа вака. Камо секој декември да започнеше вака. Лани, на овој ден, иако беше сончево, мене светот ми се сруши.

Посетив ѕидови кои не беа домашни, а беа составени од кревети, но не беа вака декорирани. Луѓето таму ме спасија, денес се чувствувам како да ми е втор роденден.

Денес сакав да е поразлично, но исто. Сакам да го сакам декември и сите тие радости што тој ги нуди. Отсекогаш знаев дека декември ќе ме спаси. Затоа и го прославувам. Со накитен дом.

Со најубави пижами. Со љубовта пак од моите најблиски. Да наздравиме и да се чуваме. Макар од дома. Здравјето пред сè“, напиша Марија која доби понуда од една фирма за долна облека да реклмира нивни пижами.

Ова е еден од најхрабрите моменти кои ги имам направено во животот. Цел живот сум се борела со вишокот килограми и ни на крај памет немаше да ми текне дека токму тие ќе ме направат модел. Ова се неколку од официјалните фотографии на брендот за новата колекција на пижами со поголеми броеви.

Благодарам на целиот тим кои најпрофесионално се однесуваа кон мене, од фризери, шминкери, фотографи, маркетинг сектор и самата компанија“, напиша Масрија на Инстаграм. За Женски магазин, таа зборуваше и на оваа тема:

-Никогаш сум немала амбиции да бидам модел, туку повеќе сум лик кој сака да се изрази на што поуметнички начин. Во овој случај, бев повикана од една позната компанија за долна облека и пижами за да изрекламирам една нивна тогашна колекција за пижами со поголеми броеви.

Во тие моменти бев поласкана, но од друга страна бев со двојбата дали јас прифаќам дека сум девојка со повеќе килограми.

Но, сфатив дека сепак тоа е дел од мојот живот и зошто да не пренесам порака со тој проект кој се случи само тогаш. Сепак во мене препознале доволно убава жена да ги краси нивните страници“, изјави Лозаноска.

Би излажала ако кажам дека тој проблем со кој се соочува секој втор не ме попречил. Можам да кажам дека тоа е условно кажано единствената мана која си ја наоѓам на себе затоа што постојано низ годините таа борба ме победува. Секако, не е изгубена“, додаде Марија за борбата со вишокот на килограми.

Фото: Инсграм принстксрин- Марија Лозаноска и Влатко Лозаноски

Претходна статијаКога си самохран родител не може да си изморен: Се отвори Кристина, поранешната на Кајмакоски
Следна статијаМногумина не знаат дека има 33 годишен син (ФОТО)