Маж и беше прославениот фудбалер на Звезда – сега тој е позитивен, а Лидија Вукичевиќ загрижена

0

Виолета Попадиќ од „Подобар живот“ како што ја паметиме или Лидија Вукичевиќ е една од најубавите актерки во цела поранешна Југославија. Многумина ќе се сложат дека изгледа исто, а можеби и уште подобро од времето кога ја глумеше Виолета.

Прославената југословенска актерка, која ја памети особено постарата генерација од почетокот на својата кариера, првпат се расплака за време на едно интервју.

Таа зборуваше за своите два сина, Андреј и Давид кои важат за големи заводници, а нејзините зборови наидоа на многубројни реакции кај жените.

„Сите мајки нека го слушнат ова“, „Браво Лидија тоа е вистинскиот став“, „Сите живееме во време за една ноќ, но тоа не значи дека не треба да биде шмекер и таа една ноќ“, се некои од коментарите.

Eве што кажа Лидија за воспитување на синовите и нивните односи кон жените:

–Треба да започнете да го правите тоа на време, за сега да уживате во нивниот избор, нивната околина. Не можете да воспитувате деца кога ќе почнат да наоѓаат девојки, кога тие ќе започнат да се наоѓаат во друштво.

Доцна е детето да се воспитува во моментот кога ќе го добиете, кога ќе го донесете дома од породилната болница. Верувај ми. Зборувам апсолутно од сопственото искуство.

Син ми Давид, кога беше бебе, кога ќе го исклучев светлото тој почнуваше да плаче, кога ќе го вклучев- престануваше. Треба да ја развиете таа комуникација со бебето“, вели Лидија.

–Второ, јас не сум мајка којашто беше скржава да им се посвети на децата. Мајка ми велеше „Ги влечеш насекаде, како кокошки“. И тоа е вистина, јас ги влечев своите деца насекаде и тие беа секогаш со мене.

Поранешниот сопруг на актерката Лидија Вукичевиќ, спортскиот директор на ФК „Црвена ѕвезда“ Митар Мркела е позитивен на вирусот, и во моментов е во болница на лекување.

Актерката откри дека слушнала со нејзиниот поранешен сопруг, истакнала дека Митар се опоравува и дека е побезбедно да се лекува во болница отколку дома.

– Се разбиравме. Имаме деца заедно, сите се поддржуваме и тоа е нормално, особено кога има вакви ситуации. Мислам дека е добро, Митар ќе го преброди вирусот многу бргу – рече Лидија.

– Загрижена сум, но тој не е во голема неволја. Добро е што е во болница, децата и јас сметавме дека е нормално, бидејќи таму е побезбедно отколку да се чека дома ,изјави актерката за „Република“.

Да потсетиме, Лидија и Митар имаат два сина, Андреј, кој тргна по стапките на неговиот татко и професионално игра фудбал, како и Давид, кој е пилот.

Инаку, Лидија и Митар се во добри односи и одлично функционираат, и заедно се грижат за своите синови и учествуваат во нивното воспитување.

Овој факт го имаат потрдено многу нивни заеднички пријатели, кои велат дека парот се има разделено без расправии, и денес се во контат во интерес на децата.

Фото: Инстаграм принсткрин, Јутјуб принстсрин

Претходна статијаМаксим Димитриевски бара од Љубчо: Да го врати Македонското државјанство и да се извини
Следна статијаЗоран јавно проговори, д-р Шопова од Инфективна најде време и му одговори: Господине Лазаревски, фала ви на убавите зборови