Маријана: И ова моево за никаде е – не смеам да му се јавувам, бидејќи е женет, чекам тој да најде прилика

0

Маријана раскажува за својата врска со оженет маж и стравува дали нивната врска ќе успее, бидејќи, како што таа раскажува, вљубена е преку уши.

“Планиравме нов заеднички живот, а сега се слушаме само еднаш дневно, и тоа кога тој оди на трчање…

-Сега е 16:41 и загрижена сум. Мојот љубвник секогаш ми се јавува во 16:30 и ниту минута подоцна. Ова е тежок период, па живеам само за овој еднодневен повик кој си го разменуваме.

Јас не смеам да му се јавувам, јасни ви се причините. Тој е оженет и има две деца. Тешко е да му бидеш љубовница и во мирни времиња, а сега со корона вирусов, тоа е сосем друга димензија – ја започнува својата исповед Маријана од Белград.

-Имам 34, а тој 38 години. Од самиот почеток знаев дека е оженет, и знаејќи колку е тоа погрешно, сепак не можев да му одолеам бидејќи многу ми се допаѓа, како ниеден друг маж досега.

Многу е убав, но уште повеќе ме привлече неговата личност. Многу е духовит, а тоа баш денес ми треба. После нашиот прв разговор, а се запознавме во кафуле преку еден наш заеднички пријател, иако многу ми се допадна, не сакав ништо да започнувам, знаејќи дека има семејство.

Меѓутоа два дена подоцна, ми испрати порака на Фејсбук, а потоа и на WhatsApp, а потоа ми се јави. Набрзо започнавме да разговараме двапати дневно. Понекогаш со часови.

Сопругата и натаму му работи надвор од дома. Сакаше да се запознаеме, но јас го одбив. Меѓутоа, и на двајцата ни беше јасно дека тоа наскоро ќе се случи.

Во ноември минатата година се сретнавме во Нови Сад. Јас одев таму да ги посетам роднините, а тој беше на службено патување. Бевме интимни и мојата нервоза набрзо исчезна и ни беше прекрасно. Се смеевме и разговаравме.

Тој никогаш ништо лошо нема кажано за својата сопруга. Вели дека таа е добра личност, но дека се заедно од средно школо, па чувствата почнале да им се ладат.

Барем од негова страна. Од една страна ми е жал за неа, но од друга страна – не се чувствувам виновна. Не ја познавам, а тој вели, за да ги подобреле односите, повеќе пати и предложил да разговараат со стручно лице, но таа го одбивала сметајќи дека тоа е непотребно со паролата “што ќе си речат луѓето?”

Повеќе пати разговаравме за иднината. Децата му се тинјџери, ги добил уште како многу млад, и напоменува дека тие му се најважни во животот.

Дојдовме до заклучок дека ќе започнеме нов живот заедно кога двајцата синови ќе му тргнат на факултет.

Поради ова уште повеќе ми се допадна. Уште повеќе го сакам и почитувам. Знам дека некои луѓе сега превртуваат со очите додека ме читаат, ама тој ми рече дека неговиот брак е готов и јас одлучив да му верувам.

Како што веќе напоменав, единствена комуникација која со него сега ја имам е кога ќе излезе на трчање во 16:30. И тоа трае само половина час до полицискиот час. Тие разговори ми се драгоцени. Ми помагаат да го пребродам денот.

Работам од дома и излегувам само по потреба. Ми рече дека неговиот брак е во уште поголема криза, бидејќи карантинот неповолно влијаал врз нивниот однос. Се трудам да го засмеам и неретко успевам во тоа, а потоа тој истото и со мене го прави.

Многу се сакаме, тоа ни е јасно на двајцата, затоа се плашам како ова со вирусот ќе влијае врз нашата врска, бидејќи не се знае до кога ќе трае. Се прашувам, дали треба да издржам во ова, и како работите ќе се одвиваат кога светот ќе се врати “во нормала”?

Ако нашата врска не успее, ќе бидам тажна и бе сна, ама нема и уништена. Корона вирусот ме научи дека љубовта е можна – дека можам повторно да сакам (имав тешко раскинување пред три години) и дека за возврат може да бидам сакана. Барем ќе можам да кажам дека беше убаво…

Обработи: И.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаДарко на минус десет степени се искапи во Охридското езеро (ФОТО)
Следна статијаСпасов: Се прави од готово вересија и никој не мисли на последиците од овој потег